На почетокот на 2014 година во специјално издание на магазинот „Клозер“, на седум страници се пишуваше за врската на францускиот претседател со актерката Жули Гаје, проследено со папарацо фотографии на кои тешко може да се препознае Оланд, под наслов „Франсоа Оланд и Жули Гаје – Тајната љубов на претседателот“.
Се ожени поранешниот претседател на Франција: Франсоа Оланд и Жули Гаје стапија во брак
Според списанието, кое се занимава со приватноста на познатите личности, околу Нова година (2013-2014 година) тогашниот претседател на Франција со кацига на главата, со својот скутер бил пред домот на актерката.
View this post on Instagram
Во весникот се опфаќа и темата за „безбедноста“ на претседателот, кој при посети на својата сакана, а денес веќе и официјална сопруга е придружен од само еден телохранител, со цел тајните средби на Франсоа и Жули да останат незбалежани.
По веста на магазинот „Клозер“ тогаш претседател Оланд „остро ја осуди повредата на почитувањето на приватниот живот, на кој тој има право, како и секој граѓанин“, а најави и дека ќе го тужи магазинот.
View this post on Instagram
Оланд, досега, никогаш немаше стапено во брак, но за време на неговиот мандат Франција сепак имаше фактичка прва дама – неговата партнерка Валери Трирвелер.
View this post on Instagram
Валери Трирвелер е жената заради која Оланд во 2007-ма ја остави мајката на своите 4 деца. Исто така таа е жената која Оланд ја остави заради актерката Жули Гаје со која оваа недела стапи во брак. И во двете ситуации Трирвелер не успеа да добие ни најмалаку симпатии од јавноста за време на неговиот мандат.
По објавата на магазинот „Клозер“ за тогашната наводна врска со актерката Жули Гаје, Валери заврши во болница.
Француските медиуми беа преплавени со веста дека тогашната прва дама била скршена од болка по објавувањето на „љубовната афера“ на нејзиниот партнер. Според тогашните објави Трирвелер била хоспитализирана веднаш штом ја слушнала веста, а Елисејската палата потврдила дека невенчаната сопруга на Оланд е хоспитализирана.
View this post on Instagram
Но, која е Жули, жената на која тогашниот француски претседател и носел кроасани доцна во ноќта?
Жули Гаје е актерка на возраст од 50 година. Во март 2013 година таа поднесе тужба против против авторот на гласините кои се прошириле на Интернет за наводната врска со Оланд.
Во 2012 година Жули играше во реклама за кампањата на Франсоа Оланд, во која таа го квалификува како „прекрасен“ човек и „која навистина знае да слуша“.На истата кампања Жули се јавува и како продуцент.
Жули Гаје, е разведена во 2006 година, мајка е на две момчиња, а својот 50-ти роденден го прослави неодамна, на 3 јуни, во Тул, еден ден пред да стапи во брак со Оланд .
View this post on Instagram
За време на мандатот на претседателот на Твитер профилот на француското списание „Le Reela“, се појавила информација за можна бременост на Жули Гаје, но сепак тоа биле само шпекулации.
Франсоа Оланд конечно го направи чекорот! Осум години по откривањето на нивната афера од страна на магазинот „Клозер“,, поранешниот претседател на Републиката и актерката Џули Гаје се венчаа оваа сабота, на 4 јуни во градското собрание на Тул, во Корезе, пренесува „La Montagne“.
View this post on Instagram
Ова е прв официјален брак за Франсоа Оланд. Иако поранешниот шеф на државата беше во сериозни љубовни врски со неколку жени, особено со Сеголен Ројал со која има четири деца, потоа со Валери Трирвејлер – „најмалку посакуваната прва дама“, ниту една од овие врски не ја запечати со потпис се досега.
Очигледно, има нешто посебно во Жули!