06:56 - 3 април, 2026

Мадона го даде своето мислење за обвинувањата против Мајкл Џексон: Им ги затвори устите на критичарите!

Кралицата на поп музиката Мадона, и покрај згрозеноста на јавноста од неодамнешниот документарец, кој повторно поттикна обвинувања за сексуално злоставување на деца против Мајкл Џексон, изјави дека сите се невини додека не им се докаже вината.

Таа за британското списание „Вог“ го даде своето мислење за документарецот на НВО, „Напуштајќи го Неверленд“. Во филмот на режисерот Ден Рид, двајца возрасни мажи изнесуваат нови обвинувања дека починатиот музичар ги злоставувал додека тие биле деца.

Од премиерата во јануари траат големите расправи на таа тема. Поради филмот музиката на Џексон е забранета на радио станиците во Канада, на Нов Зеланд и во Австралија.

Мадона, некогашната ривалка, а потоа пријателка на обвинетиот музичар, нагласи дека не го гледала филмот, но не сака по која било цена да верува во тие обвинувања.

– Го немам менталитетот на масата која сака линч, а во мојата глава луѓето се невини се додека не се докаже нивната вина. Имаше илјадници обвинувања против мене кои не беа вистинити, па мојот став е кога луѓето ќе ми кажат нешто за другите, ги прашувам дали можат тоа да го докажат – додава Мадона. 

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....