-4.2 C
Скопје
02:37 - 18 декември, 2025

Легендарниот водител Лари Кинг за три недели загуби две деца

За време на својата кариера тој достигна светска слава, а на јавноста освен по работата и стана познат и по љубовниот живот.

Легендарниот американски водител Лари Кинг (86) е скршен поради огромната трагедија која му се случи на неговото семејство. Имено, познатиот водител во рок од три недели изгуби две деца.
Имено, неговиот син Енди ненадејно пoчина на 28 јули, на 65 годишна возраст од срцев удар. За жал, после три недели, почина и неговата ќерка Чаиа која имаше 52 години, од рак на белите дробови.

Погребот на синот го следел преку радиоврска

Според написите на светските медиуми, ожалостениот татко, многу тешко ја прифатил веста за смртта на Чаиа, бидејќи, според сведочењата на неименуван извор кој бил близок со семејството, Лари сеуште се немал опоравено од шокот и загубата на неговиот син.

– Дeцата го сaкаа и се грижеа за него. Под голем стрес е зошто ги изгуби – изјавила внуката Џилијан за „Дејли Меил“.

Фото: Профимедиа

За нештата да бидат дополнително влошени, лекарите на Лари не му дозволуваат да присуствува на погребите на своите деца. Ваквата нивна одлука се должи на фактот што познатиот водител минатата година имаше срцев удар од кој многу тешко се опорави, но и поради опасноста од коронавирусот.

Токму затоа, Лари неможел да отпатува од Лос Анџелес на погребот на својот син на Флорида, туку му било дозволено од неговиот дом да „присуствува“ на самиот чин со помош на радиоврска.

Турбулентен живот

Инаку, Кинг го посвои Енди во 1962 година, во периодот кога се оженил со неговата мајка Ален Акинс. Славниот водител со неа ја доби и Чаиа во 1969 година.

Освен нив, Лари ги има и децата: Лари помладиот (58), Чез (21) и Кенон (20).

Освен по децата, американскиот водител кој за време на својата кариера достигна светска слава, поради карактеристичниот начин на работа, познат е и по тоа што неколку пати стапуваше во брак а истовремено имаше и голем број на вонбрачни љубовни врски.

Фото: Профимедиа

Славниот водител минатата година се разведе од седмата жена, Шенон (60) по 22 години брак. Со неа ги има синовите Чез и Кенон. Последните години на двојката им беше турбулентна, а причина за разводот е неверството на Шенон.

Слични објави

„Мојта прва сопруга е преубава, а никој не пишува за неа“: Ова е поранешната сопруга на Данило Икодиновиќ 

E.A.

„Срцето ми беше полно што е тука“: Саша Ковачевиќ ја поканил поранешната девојка на концерт иако не ја видел одамна

E.A.

(Фото) Ова е единствената фотографија од првата жена на Раде Шербеџија: Во песна признал дека е виновен за крахот на бракот со Иванка

E.A.

Нада Топчагиќ искрено проговори за изгледот на колешката Вера Матовиќ: „Направила убави операции, но не може да ги скрие годините“

apostolova

Сексуално ги вознемирувал колешките под дејство на дрога: Хрватски режисер трајно исфрлен од Друштвото на хрватски филмски режисери

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ ја покажа својата ќерка: По концертот на Саша Ковачевиќ, директно кај својата миленичка

Еспресо
Се вчитува....