11:05 - 31 март, 2026

Квентин Тарантино станува писател – потпиша договор за две книги

Квентин Тарантино уште во април оваа година најави како во претстојниот период ќе му се посвети на пишувањето на книгите. Сега тоа стана и официјално, бидејќи како што пишува порталот „Deadline“ Тарантино потпишал договор со издавачката куќа „HarperCollins” која ќе објави две негови книги.

Првата ќе биде „Си беше еднаш во Холивуд“, додека другата е „Cinema Speculation“.

„Си беше еднаш во Холивуд“ ќе биде објавена во летото 2021 година, најпрвин во мек повез, па во дигитална верзија, додека на есен ќе се појави и верзијата со тврд повез.

Фото: Инстаграм


„Со гордост ја објавувам „Си било еднаш во Холивуд“, мојот придонес во овој често маргинализиран, но сакан книжевен поджарн“, изјави Тарантино кој додаде дека на тој начин ќе ги истражи ликовите кои ги создал во филмот.

Што се однесува на книгата „Cinema Speculation“, „Deadline“ ја опишува како книга која длабоко ќе нурне во филмовите од седумдесетите години и која ќе се состои од есеи, рецензии, личен осврт и „што би било, кога би било“ текстови. Притоа се споменува дека славната филмска критичарка Паулин Кил влијаела на оваа книга на Тарантино.

Слични објави

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо
Се вчитува....