09:55 - 12 март, 2026

Кристијан Диор: Вистинскиот доказ за елеганцијата на една дама се наоѓа на нејзините нозе! (ФОТО)

Еден од најпознатите великани на модниот свет го кроеше стилот на жените во повоениот период, што  воопшто не било лесна задача. Диор успеа во женската силуета да внесе детали кои ја нагласуваа префинетоста на кројот каков што малкумина можеле да си дозволат, а дизајнерот многу добро го знаел тоа.

Profimedia

Ова се деталите кои големиот Диор ги сметал за клучни за добар изглед на жената.

Чиста коса

Како и Коко Шанел и Диор сметал дека најлошо што жената може да го направи е да излезе од дома со валкана коса. Дизајнерот верувал дека за една жена не може да се каже дека е негувана ако си дозволи себеси да се појави во јавност со валкана коса. Чистата коса е еден од најсилните адути на дамите.

Profimedia

Женственост

„Ако жената не е женствена, тогаш не може да се смета за дама. Ако таа ја негира својата женственост и не ја нагласува, тогаш таа и не е жена“, сметал Диор.

Profimedia

Соодветна облека

Диор сметал дека правилната нега на телото подразбира и избор на облека која одговара на нашето тело и на карактерот.

„Негуваната жена е онаа која носи облека која одговара на нејзината фигура и која умерено ја нагласува“, изјавил Диор.

Profimedia

Чевли

„Вистинскиот доказ за елеганцијата на една дама се наоѓа на нејзините нозе“, изјавил во една прилика Диор.

Тој сметал дека женските чевли се неопходен атрибут на женственоста. Според него, негуваните жени не можат да излезат од дома со чевли кои не се женствени. Диор не поднесувал патики на женските нозе.

Слични објави

Емотивен момент: Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром

msp-admin

Ужасни детали од несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Возачот на автомобилот кој го удрил е приведен

Еспресо

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova
Се вчитува....