02:23 - 12 ноември, 2026

Кралицата на кланот Кардашијан-Џенер полни 65 години – Таа нема проблем со годините, изгледа совршено!

Крис Џенер, мајката на најпознатото ријалити семејство и кралицата на кланот Кардашијан Џенер, менаџерка и мајка на Ким Кардашијан, на најмладата милијардерка Кајли Џенер, Клои Кардашијан, Кендал Џенер, Кортни Кардашијан и синот Роб утре го прославува својот роденден.

Фото: Инстаграм

Верувале или не, таа полни 65 години. Иако сигурно чекори во седмата деценија од животот, таа без проблем може да застане рамо до рамо со двојно помлади девојки.

Фото: Инстаграм

Таа никојпат не крие дека повеќе пати направила естетски корекции и дека тие делумно се заслужни за нејзиниот беспрекорен изглед.

Крис Џенер со нејзината мајка и ќерката Ким Кардашијан, Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм

Меѓутоа, тука има и генетика, а може да се забележат и поволните резултати од редовното одење во теретана.

Фото: Профимедиа

И во овие години Крис е многу активна, а за младоликиот изглед можеби е заслужна и љубовта. Имено таа веќе неколку години ужива во романсата со Кори Гембел кој е 25 години помлад од неа.

Фото: Инстаграм

Што и да направила на себе, мораме да забележиме дека се е направено со мерка.

Крис Џенер со нејзината мајка, Фото: Инстаграм

Многумина коментираат дека оваа жена денес изгледа подобро отколку кога имала 20 години.

Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм

Слични објави

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо
Се вчитува....