Манекенката Деми Роуз (24) кариерата ја започнала како модел за долна облека кога се преселила во Бирмингам.
На социјалните мрежи нагло станала популарна откако почнала да објавува провокативни фотографии во оскудно издание.
Многу од нејзините скоро 10 милиони следбеници ја нарекуваат кралица на голотијата.
Нејзиниот приход од манекенството се проценува на 650.000 долари, односно околу 35 милиони денари.
Понекогаш работи и како диџеј, а се појавила и во неколку музички спотови.
Иако никогаш не потврдила дека нејзиниот изглед не е сосема природен, странските медиуми нагаѓаат дека ги оперирала градите и ставила филери во устата.