16:30 - 2 април, 2026

Кралицата нема да присуствува на денешната миса во катедралата поради малаксаност

Кралицата Елизабета нема да присуствува на денешната миса за благодарност во лондонската катедрала Свети Павле, како дел од прославата на платинестиот јубилеј: одлуката е донесена поради „малаксаност“, извести Бакингемската палата.

„Кралицата уживаше многу во денешната Роденденска парада и Flypast, но се чувствуваше малку малаксано“, се вели во вчерашното соопштение на кралската палата.

Вчера британската кралица Елизабета Втора се појави на балконот на Бакингемската палата. Кралицата (96) ја поздрави гардата додека илјадници луѓе се собраа во центарот на Лондон да прослават 70 години од нејзиното владеење.

Кралицата слави седум децении од владеењето со серија свечени настани кои започнаа вчера и ќе траат до недела, а Елизабета е првиот британски монарх што го прославува платинестиот јубилеј.

Слични објави

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо

Мистерија што сè уште интригира: Пејачката Јелена Марјановиќ беше убиена пред 10 години, убиецот сè уште непознат 

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо
Се вчитува....