9.8 C
Скопје
01:30 - 29 март, 2025

Колку луѓе работат за кралицата Елизабета? Таа има свој човек-будилник, личен сечач на месо и уште многу луѓе со уникатни професии

Кралицата е најдолгогодишната владетелка на британската монархија. Таа целиот свој живот ужива во раскошната Бакингемска палата во која живее заедно со своето семејство, а за задоволување на нејзините лични потреби, работат цела „армија“ луѓе, кои се грижат за секој детаљ во кралскиот дом

Британската кралица Елизабета Втора (94) живее во луксуз и раскош и тоа уште од денот кога е родена. Нејзе ѝ служи цела „војска“ луѓе, кои можат да се пофалат дека ги имаат најуникатните професии во светот.

Чувар на уметноста

Општопознато е дека Кралицата Елизабета е страстен љубител на уметноста. Токму нејзиниот дом, односно Бакингемската палата, ја красат огромен број вредни и ретки уметнички дела. Токму затоа, таа пред пет години вработила човек чија обврска е да ја надгледува нејзината колекција на уметнички дела, која брои приближно 7.000 слики.

Чувар на печатите

Покрај чуварот на сликите, во палатата има и чувар на печатите. Кралицата Елизабета се одлучила да вработи човек кој е задолжен за надгледување на нејзините печати со кои се стекнала за време на своето долгогодишно владеење. Покрај своите, Елизабета наследила и огромен број печати од својот татко. Човекот освен што е платен да ги надгледува, тој е задолжен и да ги одржува во беспрекорна состојба.

Човек-будилник

Кралицата Елизабета важи за традиционален тип. Како доказ за тоа е што таа не сака да ја будат новите современи апарати. Наместо тоа, таа решила да ангажира човек што е задолжен да зема плата работејќи како кралски човек-будилник. Неговата задача е точно во 9.15 секое утро, да застане под прозорецот на Кралицата и со свирење гајда да ја разбуди. Личниот будилник постојано патува со Кралицата, па тој истото го прави независно каде кралицата Елизабета престојува во моментот.

Мајстор за коњи

Кралицата и покрај тоа што веќе е во поодмината возраст, не пропушта можност да јава. Друштво за време на јавањето ѝ прави незиниот „мајстор за коњи“, кој освен што ја придружува Елизабета за време на јавањето, во меѓувреме е задолжен да се грижи за коњите и за шталата.

Човек задолжен за пробување на храната

Елизабета и нејзиниот сопруг Филип (99) сакаат да бидат сигурни дека оброците што ги јадат се доволно добри. Затоа, пред секој оброк има човек задолжен да ја проба веќе зготвената храна. Подготвената храна секогаш се сервира од истиот сад и за кралското семејство и за „пробувачите“.

Сечач на месо

Работниот ангажман за овој човек е да го сече месото за време на кралските свечености и приеми. Интересно е што оваа позиција во Бакингемската палата е наследна.

Слични објави

На Вики Миљковиќ ѝ почина братот, Цеца не се одвојува од пријателката на која ѝ е и кума

Еспресо

(Фото) Војаж раскина со девојката и објави шокантна фотографија: Раперот конечно се изјасни за згодната бринета!

Еспресо

(Фото) По 18 години се вратија во „Гранд“, само Милан Станковиќ не дојде: Вака ќе му оддадат почит на Саша Поповиќ во „Ѕвездите на Гранд“

Еспресо

„Ми го земаат телефонот кога пијам“: Наташа Беквалац откри каква е кога ќе претера со алкохолот

Еспресо

(Фото) „Сега да ми се тргнете од патот“: Марија Шерифовиќ ги спакува куферите, отиде на одмор

apostolova

Жерар Депрадје ќе ја дознае пресудата во мај: Овинителството бара 18-месечна условна казна за актерот

Еспресо
Се вчитува....