13:26 - 3 април, 2026

Кој ќе ја добие улогата во автобиографскиот ФИЛМ за МАДОНА? Аудициите траат со месеци, а ОВА се КАНДИДАТКИТЕ!

Во моментов повеќе актерки се во игра за биографскиот филм на една од најголемите икони на поп музиката, Мадона. Должината на нејзината успешна кариера се мери во децении, а пред неколку години самата одлучи да му покаже на светот како изгледал нејзиниот пат до врвот на популарноста.

Потрагата по актерки за филмот ја води водителката Кармен Куба, а списокот се намалува изминативе месеци. Меѓу актерките што се во трка за улогата се најдоа Џулија Гарнер и Флоренс Пју, како и ѕвездата на „Еуфорија“, Алекса Деми, потоа Одеса Јанг и Ема Лард. Во изборот се вклучени и пејачки, како Бебе Реџа и Скај Фереира која имаше помали улоги во серијалите Бебе возач и Зона на самракот. Наводно, аудициите за улогата траат веќе со месеци. Според изворите, кандидатките учествуваат во интензивни, понекогаш и по 11 часа долги сеанси со кореографот на Мадона, по што следуваат кореографски вежби со ѕвездата и други дополнителни работи, како читање и пеење со неа.

Ема Лард

Флоренс Пју


Џулија Гарнер

Филмот би требало да кулминира со „Русокоса амбиција“, познатата турнеја на Мадона од 1990 година, што може да се смени со развој на сценариото, но секако ќе има многу танчерски и пејачки секвенци, што значи дека по завршување на аудициите треба да се одработат неколкумесечни интензивни тренинзи пред почетокот на снимањето.

Мадона работи и на новиот биографски филм за Боб Марли, во кој ќе настапуваат неговата сопруга и неговите деца, а пејачката е вклучена во улога на косценарист и режисер.

Слични објави

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо
Се вчитува....