01:12 - 5 април, 2026

Кој го „облече“ Моден викенд Скопје?

Моден викенд Скопје три дена беше горд домаќин на дваесет и осум дизајнери од цела Европа, како и на неколку млади и етаблирани имиња од земјата и регионот, обединивајќи ја заедно модата во еден шнит. Поденакво моќен, кохерентен и поразличен од кога и да е, несомнено беше и графичкиот „крој“ на настанот.

Модната индустрија секогаш оди рака под рака со останатите визуелни уметности. Следејќи ги светските трендови, Моден викенд Скопје оваа сезона посебно внимание привлече со графичкиот изглед и комплетниот брендинг. Впечатливата графика во црвена и сина боја го „облече“ целиот настан во висока мода, зад која се потпишува креативното студио Do:More.

„Создадов имагинативна шема на обединување во доминантна црвена боја, симболизирајќи топлина и блискост, во согласност со пораката која годинава ја пренесе Моден Викенд Скопје со проектот Обединета Мода. Предизвик беше да се направи нешто повеќе од само графика.“, вели Јана Марковска, креатор и сопственик на графичкото студио Do:More.

Do:More храбро ја напушти комфорната зона на графичкиот дизајн и ja зајакна визуелната препознатливост на најголемиот моден настан во земјата. Смело, но на цврсти темели. Do:More поставува нови визуелни стандарди и ја акцентира важноста и потребата од квалитетен бренд идентитет.

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

(Фото) Деа Ѓурѓевиќ покажа како изгледа во шестиот месец од бременоста – се појави во емисија во бел фустан

Еспресо

Почнува летната забава во Црна Гора! Пријовиќ ќе заработи 80.000 евра по вечер, а и Аца Лукас и Јаков Јозиновиќ ќе се опарат

Еспресо
Се вчитува....