7.8 C
Скопје
11:17 - 18 декември, 2024

Кој е вашиот НАЈГОЛЕМ НЕПРИЈАТЕЛ според хороскопскиот знак?

Астрологијата, барем за оние кои веруваат, има одговори на многу прашања, па дури и на она од кои луѓе да бегате и да не очекувате пријателство.

Со нив нема да најдете заеднички јазик, дури и ако треба да застанете „на глава“.

ОВЕН

Најголем непријател: Рак

Овенот е огнен знак кој воопшто не се согласува со водените знаци, од кои на врвот на листата е секако, Ракот. Овните сакаат независност, а Раковите сакаат да бидат „залепени“ до оние кои им се блиски.

БИК

Најголем непријател: Овен

Овие два хороскопски знака се многу тврдоглави, па конфликтот меѓу нив е неизбежен. Овните ретко ги признаваат своите грешки, додека пак Биковите ги потсетуваат на нив и кога треба и кога не треба.

БЛИЗНАЦИ

Најголем непријател: Девица

Близнаците сакаат спонтаност, а Девиците се зависни од навики и рутини. Единствено нешто што им е заедничко е комуникативноста, но во секое друго поле, тие едноставно се разминуваат и не наоѓаат ништо заедничко.

РАК

Најголем непријател: Стрелец

Раковите се чувствителни и лојални, мислат на туѓите емоции, но Стрелците се директни и искрени, а тоа ги повредува Раковите. Тие не можат да најдат заеднички компромис, а ако едниот проба да го смени другиот, се создава голем проблем.

ЛАВ

Најголем непријател: Риби

Лавовите се горди на себе и сакаат секаде да бидат следени од светлината на рефлекторите. Рибите се целосна спротивност на ова и не сакаат да привлекуваат внимание. Лавот го нервира пасивноста и воздржаноста на Рибите.

ДЕВИЦА

Најголем непријател: Водолија

Девиците се водат по разумот, а речиси никогаш со срцето. Водолиите премногу анализираат, но тоа го прават со својата сензитивна страна, па затоа често се нереални, што не им одговара на Девиците.

ВАГА

Најголем неприојател: Скорпија

Вагите се согласуваат со сите, освен со Скорпиите. Причината за тоа е нетрпеливоста, а Скорпиите имаат неверојатен талент да внесуваат непотребна драма во сите односи. Поради тоа, Вагите се држат настрана од нив.

СКОРПИЈА

Најголем непријател: Лав

И двата знака се премногу горди, а толку гордост на едно место може да биде погубна. Тие тешко наоѓаат заеднички јазик, а ако некако дојде до тоа, и едниот и другиот сакаат да доминираат и не попуштаат.

СТРЕЛЕЦ

Најголем непријател: Бик

Стрелците сакаат слобода и на живеење и на изразување, а Биковите се тврдоглави, но и промислени. Бикот сака стабилност која Стрелците ретко се расположени да ја понудат.

ЈАРЕЦ

Најголем непријател: Вага

Јарците се многу фокусирани на работниот успех, а Вагите го сакаат друштвениот живот. Поради тоа Јарците мислат дека Вагите се незрели и иритантни.

ВОДОЛИЈА

Најголем непријател: Јарец

Јарецот ја „блокира“ креативноста и инспиративноста, а тоа пак се главните особини на Вагите. Имаат целосно спротивставени мислења на секоја можна тема, дури и за љубовта.

РИБИ

Најголем непријател: Близнаци

Сензибилноста на Рибите не може да се усогласи со директноста на Близнаците. Дури и кога имаат добра намера, тие прават Рибите лошо да се чувствуваат поради тоа што се.

Слични објави

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ ги покажа стомачните: Згодната пејачка е во најдобрата форма досега!

Еспресо

Хороскоп за 18 декември: Раковите ќе уживаат со семејството, Водолиите ги очекува успех

apostolova

(Фото) Адријана Лима се омажи: Mанекенката ја објави радосната вест и ги покажа бурмите

Еспресо

(Фото) Јубилеен 60. роденден: Маријана и Росана прославија на различни континенти!

Еспресо
Се вчитува....