08:54 - 15 јануари, 2026

КОЈ Е БАКА ПРАСЕ? Јутуберот кој беше приведен на сослушување за смртта на Кристина Кика Ѓукиќ

бака прасе

Српскиот јутубер Богдан Илиќ, познат на мрежата и на јавноста како Бака Прасе, поради вмешаноста во смртта на 21-годишната инфлуенсерка Кристина Кика Ѓукиќ во Србија,  е покрената петиција за забрана да објавува видеа на Јутјуб во Србија.

БАКА ПРАСЕ ПРИВЕДЕН НА СОСЛУШУВАЊЕ: Причина, смртта на јутјуберката Кристина Кика Ѓукиќ

Според американскиот сајт „Social Blade“, кој ја следи статистиката на социјалните мрежи, Бака Прасе заработува 162 илјади евра годишно. Според нив, тој е еден од најуспешните јутјубери во регионот. Во моментов има 1,98 милиони претплатници на Јутјуб, пренесува „Индекс“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bogdan Ilic (@bakaprase)

На својот канал објавува контроверзни содржини, а често снима и со својата девојка Ања Благојевиќ, која на пример му дозволува на видеата да ја удира по гол задник. Слична содржина се објавува и на Инстаграм каде го следат милион луѓе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bogdan Ilic (@bakaprase)

Првото видео на Јутјуб, Бака Прасе го објави пред пет години. Прво снимаше видеа поврзани со видео играта „League of Legends“, а подоцна почна да објавува музика и да коментира туѓи содржини на Јутјуб. Поради ова склопи многу „непријателства“ со други креатори на содржина во регионот.

Овој јутубер е роден 1996 година во Врање, а денес живее и работи во Белград. Српските медиуми пишуваат дека од мали нозе се интересирал за игри, па покрај музичкото училиште во Белград, со пријателите посетувал игротеки. Неговите родители наводно не верувале дека ќе успее во неговиот бизнис, па затоа инсистирале да запише музичка академија. Меѓутоа, со текот на времето, Богдан почнал да заработува…

(ВИДЕО) ПРЕД САМОУБИСТВОТО КИКА ОБЈАВИЛА ПОТРЕСНА СНИМКА: Злобни коментари и навреди на сметка на српската инфлуенсерка чиј живот заврши трагично

Бака Прасе пред неколку дена на својот канал на Јутјуб објави видео во кое зборува за врската со јутуберката Кика која трагично почина минатата недела.

– Сега сите пишуваат дека јас сум убиецот. Сите веднаш покажаа со прст во мене. Се скаравме, но тоа беше два пред години. Се разбира, ѝ беше лошо и ја мразеа кога ја прозивав, но тоа заврши. Таа премина преку тоа и продолжи да снима видеа. Сакам луѓето да знаат дека се разделивме како пријатели, вели Бака Прасе во видеото.

ТАЖНА ВЕСТ: Се самоуби позната 21-годишна инфлуенсерка од Србија

Слични објави

Откако се испокараа „за сите пари“: Ана Николиќ и Рале повторно се смирија, а композиторот конечно проговори

Еспресо

Дневен хороскоп за 15 јануари: Идеален ден за преземање иницијатива

apostolova

(Фото) Луѓето шокирани од најновата објава на Колинда: „Како девојка 20 години помлада“!

Еспресо

„Не знам како да се носам со болката“: Огласувањето на Ана Бекута по скандалот во Чачак

apostolova

Сека Алексиќ жестоко за нападот врз Ана Бекута во Чачак: „Многу ми е жал, таа нема ниедна дамка во кариерата“

Еспресо

Поранешниот сопруг на Марија Микиќ го „запали“ интернетот: Се соблече и го покажа мокрото тело

E.A.
Се вчитува....