10:29 - 16 ноември, 2026

НАЈГОЛЕМИОТ „ЧУДАК“ ВО ХОРОСКОПОТ: Несфатливи за светот околу себе поради резервираноста во однос на другите

Делуваат многу ладно, невклопливо и емотивно недостапно, а токму тоа е причината што другите ги доживуваат како чудаци.

Родените во знакот на Јарецот често се несфатливи за светот околу себе поради уникатното студенило и резервираноста во однос на другите, отсуството на реакција и имуноста дури и на најдраматичните животни ситуации.

Луѓето во нивна близина главно остануваат затекнати од нивната прибраност и студенило кои ги прикажуваат, поради што често ги сметаат за чудни.

Од друга страна, кога станува збор за професионалноста и традиционалните вредности, Јарецот е прв. Сатурнот е неговата владеачка планета, позната по забраните и ограничувањата, па така Јарецот го прави многу сериозен и практичен хороскопски знак кој сака да живее на најконвенционалниот начин.

Оптеретен е со безбедноста и мајстор е за самоконтролата, а нема да се поколеба пред вас да извади цел куп докази дека само тој е во право. Секогаш!

Без оглед колку чудно тој ви делува, вашето однесување за него веројатно ќе биде уште помалку „нормално“.

Тешко му паѓа да ги прифаќа туѓите различности, па во такви ситуации има потреба да ги контролира луѓето или да им ги наметнува неговите вредности. Сепак, оние кои ќе успеат да допрат до Јарецот, ќе сфатат дека во него се крие многу забава, хумор и емоции.

Освен Јарецот, за чудни знаци во Зодијакот се сметаат и Водолијата и Рибите.

Слични објави

Запален автомобилот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ: Пожарот зафатил и друго возило, полицијата пред нивниот дом

Еспресо

(Фото) Вистинска дама — Ирена Спировска блесна во маслинесто-златна тоалета со кристали на „Фолк фест Роса“

К.С.

Хороскоп за 16 ноември: Ракови, верувајте ѝ на вашата интуиција

Еспресо

Една порција зелен лиснат зеленчук дневно — што открива истражувањето за помнењето во повозрасната доба?

К.С.

(Фото) Џејла Рамовиќ во впечатливо издание – блесна во мини фустан со кој ги истакна нејзините долги нозе

Еспресо

Сопругата на Лазар Ристовски ѝ одговори на жена која ја нарече спонзоруша: „Ги доби своите пет минути“

Еспресо
Се вчитува....