26.8 C
Скопје
16:04 - 29 април, 2024

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА ИДНИНАТА НА КОВИД: Дали ковидот во иднина ќе биде повеќе како настинка или како сезонски грип?

Ако првите варијанти се сменија за да можат да се шират повеќе, сега Омикрон изгледа способен да го избегне имунитетот што го стекнавме, како и грипот.

Дефинитивното збогување со Ковид е речиси утопија: уште од првите месеци на пандемијата, експертите сфатија дека најверојатното идно сценарио ќе биде ендемично заболување, кое ќе продолжи да циркулира меѓу нас во помалку тешка форма. Но, помалку сериозно во која смисла? Дали повеќе ќе личи на настинка или сезонски грип? Никој нема кристална топка за да знае што точно ќе се случи, а веќе видовме дека и најразумните предвидувања се во спротивност со вирусната еволуција, но експертите се согласуваат дека појавата на варијантите Делта и Омикрон ги измешаа картите и сугерираат дека коронавирусот се прилагодува за да ја заобиколи нашата имунолошка одбрана и да може да ги инфицира дури и оние кои се заштитени со вакцини или претходно ја прележале болеста.

ЛЕСНО СЕ ФАЌА

Во текот на првите месеци од пандемијата, САРС-КоВ-2 имаше „одврзани раце“: се соочи со „домаќини“ кои никогаш не го запознале претходно и затоа беа целосно подложни на инфекција. Во ноември 2020 година, првата варијанта се појави во Обединетото Кралство, Алфа, истовремено со варијантата Бета во Јужна Африка, и кратко по нив, Гама во Бразил: овие три VoC (варијанти на загриженост, загрижувачки варијанти) се позаразни од оригиналниот вид , а Бета и Гама се исто така делумно способни да ја намалат количината на неутрализирачки антитела произведени од нашиот имунолошки систем. Тоа е првиот знак дека нешто се менува.

ДЕЛТА ВАРИЈАНТА

Варијантата Делта, идентификувана во Индија во пролетта 2021 година, се покажа дека е 60% позаразна од варијантата Алфа: се размножува многу побрзо во респираторниот тракт на заразените и изгледа дека може барем делумно да ја избегне заштитата примена преку вакцини и преку прележаност. После уште некои варијанти кои предизвикаа одредена загриженост, но кои се претворија во меур од сапуница, многу експерти веруваат дека секоја нова варијанта може да мутира само од Делта, која сега е доминантна на целата планета.

ПРОМЕНАТА НА ОМИКРОН

На крајот на ноември, се случи неочекувана нова пресвртница: се појави варијантата Омикрон, идентификувана уште еднаш во Јужна Африка (но веројатно по потекло од друга африканска земја каде што системот за геномско секвенционирање не е ефикасен) и многу позаразна. Според Том Венселерс, биолог на Католичкиот универзитет во Лувен (Белгија), зголемената заразност на Омикрон не може да биде единственото објаснување за наглото зголемување на инфекциите: пореално објаснување, тврди тој заедно со други истражувачи, е во способноста на Омикрон да зарази дури и вакцинирани или излечени од Ковид. Ако е така, тврди Сара Коби од Универзитетот во Чикаго, оваа теорија би покажала јасно во која еволутивна насока се движи САРС-КоВ-2: не онаа на бескрајно умножување на заразноста, туку онаа на избегнување на веќе стекнатиот имунитет што ги прави нивните цели потенцијално неограничени.

НЕПОЗНАТА ИДНИНА

Овој еволутивен развој кон имунолошка евазија (заобиколување/избегнување на стекнатиот имунитет) е заеднички за неколку респираторни вируси, како што е грипот.

„Наједноставниот начин вирусот да предизвика епидемии кои траат понатаму со текот на времето е да се избегне имунитетот: а тоа го прават сезонските коронавируси“, објаснува Адам Кучарски (Лондонска школа за хигиена и тропска медицина).

Како што еволуира коронавирусот ќе транзитира во насока на ендемичен вирус: во моментов, најверојатното идно сценарио е дека вирусот ќе стане сличен на грип, со сезонски епидемии и потреба од периодични примања на вакцини. Со каква брзина тоа ќе се случи не може да се предвиди зашто тоа ќе зависи од тоа колку брзо SARS-CoV-2 мутира за да го заобиколи имунитетот на неговите домаќини (нас). Но, иднината сè уште може да биде во наши раце: вакцинирањето на што е можно повеќе луѓе, сè додека дозите што ги имаме на располагање се сè уште ефикасни, би можело да биде клучот за спречување на вирусот од повторно мутирање и предизвикување нов бран на инфекции, пишува италијанскиот релевантен научен неделник и портал Фокус.ит.

 

 

Слични објави

Марија Шерифовиќ за проширување на семејството: Еве дали ќе има и второ дете

еспресо

(Видео+фото) Цифрата значително скокнала! На осмиот ден од одењето пешки за Грција Никола Роквиќ објави колку пари се собрани

Еспресо

(Видео) „Ви благодарам што сте дел од мојот живот!“: Каролина го прослави роденденот со сопругот и најблиските

Еспресо

(Фото) Луѓето воодушевени од фустанот на Александра Пријовиќ од Роберто Кавали: Го пронајдовме, во моментот е на намаление

Еспресо

(Фото) Никол Кидман ги покажа ќерките: Убави како мама

еспресо

Уапсен Жерар Депардје! Ќе биде сослушан за наводите за сексуален напад врз две жени

еспресо
Се вчитува....