09:45 - 20 декември, 2025

КОЈ БЕШЕ ЏАМАЛ ЕДВАРДС: Живееше брзо како што си замина, лансираше бројни таленти меѓу кои и Ед Ширан

На 31-годишна возраст почина Џамал ​​Едвардс, но која беше ѕвездата на Јутјуб што го лансираше (дури) и Ед Ширан.

Иако премногу млад веќе беше етаблиран претприемач и пронаоѓач на таленти кои потоа ги ласнираше. Основач на  SB.TV, британска музичка платформа.

– Ненадејна болест – вака мајката на Џамал ​​Едвардс ја објасни прераната смрт на нејзиниот син, кој почина завчера на 31-годишна возраст.

Јутјуб ѕвездата Едвардс беше пионер на британскиот рап и урбана музика. Откривач на таленти, со својата онлајн платформа лансираше уметници како што се Стормзи, Дејв и Скепта. Но тој значително помогна и во градење на кариерата на денес славниот Ед Ширан со кој, уште пред Ширан да стане познат, изгради големо пријателство.

Пред само неколку дена, за роденденот на британскиот уметник, Џамал ​​објавил заедничка фотографија:

„Среќен сум што те имам во мојот живот брат, продолжи да нè инспирираш“.

Едвардс, роден во Лутон, Англија, неодамна беше именуван за амбасадор на Prince’s Trust, младинска добротворна организација управувана од Принцот од Велс, која им помага на младите да основаат свои компании. Во февруари тој се појави на на црвениот тепих на Брит Авардс.

– Влијанието што SBTV го имаше врз музичката сцена во Обединетото Кралство и британската култура е неизмерно, се огласи британската парламентарка Зара Султана.

Слични објави

Дневен хороскоп за 20 декември: Искористете ја вашата енергија за да донесете важни одлуки

apostolova

Ова се двете работи кои Здравко Чолиќ ги сака пред настап

E.A.

Јована Јеремиќ јавно му се обрати на новото момче: Објави фотографија и најави соочување – „Првпат очи в очи“

E.A.

Мегапопуларниот пејач со сопругата и децата се вселува во нова куќа: Слоба Радановиќ и Јелена поставија 3 елки и голема ѕвезда пред својот дом

E.A.

Ќерката на Дино Дворник по долги години ја откри семејната тајна: : „Татко ми се враќаше дома без пари, станот беше распаднат“

E.A.

Конечно призна! Еве што Јелена строго им забранува на своите ќерки, особено на Атина – ова ќе ги шокира сите

Еспресо
Се вчитува....