15:03 - 4 август, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Ветер со брзина над 60 км/час, врнежи, еве кога!

– Под влијание на низок воздушен притисок и на влажна и студена воздушна маса од север, денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и истите локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и на некои места ќе наврнат над 10 л/м2 воден талог. Ќе започне да дува засилен ветер од северен правец кој локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час. Поради заладувањето, на повисоките места и на планините врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Максималните температури денес ќе бидат значително пониски за разлика од изминатите денови и истите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени-вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со повремен дожд. Ќе започне да дува засилен ветер од северен правец, со што на околните планини ќе има услови и за повремени врнежи од снег. Максималната температура денеска во Скопје ќе се искачи до околу 9 степени.

Според Попоски,  од утре следува неколку дневен период на стабилно и суво време со повеќе сончеви периоди. Ќе продолжи да дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен правец, додека минималните температури на некои места ќе се спуштаат и под нулата, а максималните пак ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени. Нов влажен бран од запад се очекува да ја зафати нашата држава во текот на ноќта сабота кон недела, и истиот ќе услови нови врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините.

Слични објави

(Фото) Првпат сите тројца заедно на море: Анастасија и Немања го однесоа синот Илијан на одмор

Еспресо

Четири освежителни салати од краставици и мал трик што го менува вкусот

Т.Ц.

Кога температурите растат, изборот на облека станува поважен отколку што мислиме – памукот и белата боја не се секогаш идеално решение

Т.Ц.

Јована Јеремиќ се мажи! Водителката и Тигар ќе се венчаат во манастирот Острог, а прослава на Свети Стефан

Еспресо

Дубровник ѝ годи: Сања Кужет е во врвна форма и по три породувања

Т.Ц.

„Прија нема притисок, а јас кога ќе закажам концерт – влегувам во војна“: Јелена Карлеуша за пеколот што го преживува на естрадата

Еспресо
Се вчитува....