20:20 - 11 јули, 2026

Ќерката на Дино Дворник по долги години ја откри семејната тајна: : „Татко ми се враќаше дома без пари, станот беше распаднат“

Ќерката на покојниот пејач Дино Дворник, Ела Дворник, е многу активна на социјалните мрежи, а еднаш зборуваше и за своето детство и односот со татко ѝ. Таа истакна дека, иако татко ѝ бил многу популарен, не пораснала во луксуз.

Ела тогаш објасни дека на нејзиниот татко парите не му биле приоритет, поради што живееле многу скромно.

„Станот беше апсолутен распад, влезната врата беше како од стиропор. Можев да ја отворам без клуч. Еднаш нè ограбија и ми ги украдоа паричките од касичката“, раскажа инфлуенсерката низ смеа и додаде дека, кога ја прашувале дали сака да биде како татко ѝ, одговарала:

„Не, пејачите се сиромашни. Милион пати се враќаше од настап без ниту еден денар затоа што уживаше во тоа, и така живеевме. До мојата 14-та година мислев дека мојот татко е најголемиот клошар на светот. Кај нас немаше никакви брендови, Гучи, Диор…“, раскажа таа, додавајќи дека на Дино најважно му било музичарите од бендот да бидат платени.

„Никогаш не пораснав во некаков голем луксуз. Роденденот ми е на 23-ти, Божиќ на 25-ти, и тогаш добивав само еден подарок. Живеевме сосема нормален живот. Во некои моменти, секако, беше подобро, но моите родители живееја многу скромно и штедеа за стан во Малешница, а тогаш мораа да земат кредит“, рече таа.

Заработува и до 80.000 евра месечно

Ела Дворник неодамна зборуваше за својата заработка од социјалните мрежи и ја шокираше јавноста.

„Од 10.000 до 80.000 евра“, изјави инфлуенсерката, по што градежникот кој беше гостин во емисијата со неа остана без зборови.

Инаку, фирмите што се водеа на името на Ела своевремено беа во блокада, но таа го реши тој проблем и веднаш ги информираше своите следбеници.

 

„Бев блокирана еднаш и не беше толку страшно. Ние во Хрватска секогаш имаме фамилија. Јас бев блокирана за 300 евра, брате, ете. Државен скандал“, изјаи Ела.

Слични објави

Се сеќавате на Дин од Евровизија? Сега е во љубов со Американец и вели дека е „темел на неговиот живот“

Еспресо

(Фото) Оливера Балашевиќ во дрес на Аргентина го следеше Светското првенство со внукот во раце: „Фудбал и ние двајца“

Еспресо

Барате сандали што го дефинираат летниот стил? Новата понуда ве очекува во „Chantel“ во ГТЦ

Еспресо

(Фото) Лепа Брена ужива во луксузен одмор, а нејзиниот изглед повторно привлече внимание

Еспресо

(Фото) Сузана Манчиќ покажа како изгледа без шминка на прагот на осмата деценија: Воодушеви со природниот изглед

Еспресо

„Не ми се ни јави“: Лепа Лукиќ не крие дека е лута на Лепа Брена, ја обвини за едно нешто

Еспресо
Се вчитува....