1.8 C
Скопје
22:33 - 27 март, 2026

Кјара Ферањи со серија фотки го исмејува сопругот, ПРЕДМЕТ ЗА ПОТСМЕВ – НЕГОВАТА ВИСИНА

Една од најславните модни блогерки, Италијанката Кјара Ферањи и популарниот рапер Федез го поминуваат одмор во Порто Черво со децата Леоне, 3 години и Виторија, 4 месеци. Инфлуенсерката и раперот, како и секогаш, споделуваат на социјалните мрежи многу моменти од нивните среќни денови на Сардинија ама не недостасуваат објави во кои се исмејуваат еден со друг, покажувајќи ја целата нивна иронија и смислата за хумор што ги поврзува.

Вчера, Ферањи сподели серија снимки со нејзиниот сопруг за нејзините 24 милиони следбеници: на првата фотографија Федез е повисок од Кјара, а таа коментираше : „Кога тој изгледа повисок од мене…. скролувај“. Гледајќи ги сите фотографии понатаму, се открива трикот: за да биде повисок од својата сопруга, Федез морал да поткачи на скалила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chiara Ferragni ✨ (@chiaraferragni)

Своевремено Ферањи откри дека е висока 1,78 метри и дека висината на нејзиниот сопруг е за 4 см помала од нејзината. Пред неколку дена пак, Федез ја исмејуваше својата сопруга објавувајќи го видеото од вечерта помината играјќи во друштво на пријатели со наслов „луда вечер“: во видеото Кјара Ферањи е пред заспивање, но нагло се буди од крикот на пријателите.

Кјара Ферањи и Федез започнаа да се забавуваат во 2016 година, на 4 октомври истата година, тие ја објавија првата од долгата низа заеднички фотографии, официјализирајќи ја врската. Од тој момент, тие двајца никогаш не се разделија: на 7 мај 2017 година, Федез побара од Кјара да се омажи за него. На 19 март 2018 година, парот го поздрави својот првороден син Леоне, а на 1 септември се венчаа. На 23 март, нивното семејство се прошири со добредојде на малата Виторија.

 

 

Слични објави

Азис навреден од режисерите: „На ваков мачо маж му нудат улога на продавач во ресторан за брза храна?!“

Е.А.

Нова естрадна војна: Дадо Полумента одговори на прозивките на Ѓани – „Не беше работата само да извадиш пари од џеб!“

Е.А.

„Се расправавме, тоа беше моја должност“: Весна Змијанац искрено за конфликтот со ќерка ѝ Николија

Е.А.

Официјално се разведоа Јована Пајиќ и Сале Тропико: По пет години и формално ставија крај на бракот

Еспресо

Анабела искрено проговори за Нина и Луна: „Не ги терам ќерките да се мажат!“

Еспресо

(Фото) Северина за роденденот на Петар Грашо избра црн градник и сако: Позираа во одлично расположение

Еспресо
Се вчитува....