3.8 C
Скопје
22:37 - 11 март, 2026

(ВИДЕО) КЕТИ ПЕРИ ЈА ОТКРИ НАЈЛОШАТА НАВИКА НА ОРЛАНДО БЛУМ: Ќе се згрозите!

Instagram

Еден од најголемите холивудски заводници има една лоша навика од која се згрозува и неговата сопруга. Светски познатиот актер Орландо Блум неодамна го прослави својот 45-ти роденден.

Актерот е во врска со познатата американска пејачка и текстописец, Кети Пери која во вчерашното гостувањето на британската радио станица „Харт“ го пофали својот вереник дека посветува особено внимание на личната орална хигиена, но и дека има една ужасна навика поврзана со редовното чистење на забите со забен конец.

Откако водителите Аманда Холден и Џејми Тикстон ја прашаа кои се лошите навики или навиките кои и пречат кај Орландо, Кети без двоумење одговорила:

„Тој сака да користи забен конец, што е одлично затоа што некои партнери не го прават тоа, и тој има сјајни заби.Но, тој го остава конецот насекаде! На страната на мојот кревет, во автомобилот, на масата во кујна…и секаде…иако имаме корпи за ѓубре“.

Блум и Кејти се заедно пет години, а се верија на Денот на вљубените во 2019 година. Во летото 2020 година, таа роди девојче по име Дејзи.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....