03:36 - 3 април, 2026

Кејт Мидлтон по спонтаниот абортус и подаде рака за помирување на Меган Маркл – Лошиот однос помеѓу јатрвите е минато!

Спонтаниот абортус кој летоска го доживеа Меган Маркл, повторно ги зближи јатрвите…

Меган Маркл (39) неодамна ја шокираше јавноста признавајќи дека во јули оваа година доживеала спонтан абортус.

За нарушениот однос на Војвотката со Сасекс со јатрвата Кејт Мидлтон долго се зборуваше во медиумите, но сега магазинот „New Idea“ пишува дека тие две се смириле.

Имено, кога дознала за спонтаниот абортус, Кејт ја контактирала Меган и ѝ изразила жалење, притоа говорејќи и дека таа и принцот Вилијам едвај чекаат да ги посетат во Америка, веднаш откако ситуацијата со пандемијата на коронавирусот ќе се смири.

Фото: Профимедиа

Извор близок на Меган потврди дека Кејт со тој повик го направила првиот чекор кон помирувањето.

Имено, брачните парови од кралското семејство не се сретнале од март оваа година, кога Меган и Хари ги напуштија кралските должности и се преселија во Америка, поради што владееше голема напнатост во односот.

Фото: Профимедиа

Браќата Хари и Вилијам веќе долго време се во кавга, а Меган, според пишувањето на медиумите и тврдењето на бројни извори блиски до семејството, се чувствувала неприфатено од Војводата и Војвотката од Кембриџ, како и од целото кралско семејство.

Топлиот и сочувствителен потег на Кејт во вака тежок момент ја изненадил и допрел Меган.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....