9.8 C
Скопје
18:24 - 30 март, 2026

„Ќе ти ја скратиме косата“: Српската пејачка била жртва на демнач и добивала застрашувачки закани на домашна адреса

Животниот пат на српската пејачка Елма Синановиќ го следеа различни подеми и падови.

Како гостинка во емисијата „Амиџи шоу“, таа неодамна јавно призна дека некогаш била жртва на демнач кој дури ѝ се заканувал.

Пејачката тогаш сè уште не била популарна, а како што раскажала самата – на нејзината домашна адреса ѝ пристигнале заканувачки писма од анонимен испраќач.

„Кога бев втора година средно, добив заканувачки писма од некој што не го познавав. Тогаш имав долга, убава коса, па во писмата ми пишуваше: „Ќе ти ја скратиме косата, ваква си, таква си“. но, не реагирав, не се плашев“, се присети пејачката.

Да потсетиме, Елма Синановиќ имаше бројни турбулентни животни фази, приватно и професионално, а јавно проговори дека неколку пати била „на дното на животот“ и дека имало моменти кога мислела дека е крајот.

Слични објави

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо
Се вчитува....