13.8 C
Скопје
11:51 - 18 октомври, 2026

Карди Би се пофали со милионската вила, а во неа има и колекиција пиштоли од 5 милиони! (ФОТО)

Американската раперка Карди Би (27) и нејзиниот сопруг раперот Офсет (28) на друштвените мрежи се пофалија со својот милионски дом во Атланта кои неодамна го купија. Парот признал дека потрагата по новиот дом не било воопшто едноставна, а ниту кратка.

DORSEY ALSTON/DRONE MEDIA SOLUTIONS

„Офсет и ја баравме куќа последните две години. Тоа беше вистински ролеркостер на емоции! Куќите кои му се допаѓаа на Офсет секогаш имаа соба која мене не ми се допаѓаше и не можевме да се согласиме, а неколку куќи мене кои ми се свиѓаа, Офсет рече „не“ поради локациите кои не беа добри. Дури размислувавме и за тоа да изградиме куќа, но со семејството е малце повеќе комплицирано. Со помош на агентот за недвижнини и Бог, ја добивме нашата куќа!“, напиша раперката на Инстаграм под видеото кое го објави.

DORSEY ALSTON/DRONE MEDIA SOLUTIONS

Во видеото раперката направила мала обиколка во луксузната вила која се уште е неуредена. Единствено нешто што се наоѓа во вилата е високиот бор, а Карди Би се пофали со кујната, библиотека, седум спални соби, четири купатила, двор, базен и гаража. Во вилата наводно се наоѓа вински подрум, но и колекција на пиштоли, а нејзината цена изнесува околу пет и пол милиони евра.

Исто така, парот на Инстаграм откри дека подрумот ќе го искористи Карди Б да од него направи соба за разубавување, додека Офсет својот дел ќе го претвори во „машка пештера“ во која ќе ѝ биде забранет влезот на неговата сопруга.

View this post on Instagram

We going downstairs !

A post shared by Cardib (@iamcardib) on

View this post on Instagram

Other side of the house

A post shared by Cardib (@iamcardib) on

Слични објави

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо
Се вчитува....