6.8 C
Скопје
21:08 - 12 март, 2026

Канје Вест си се допиша на гласачкото ливче и гласаше за себе

Раперот за првпат во својот живот гласа на претседателски избори во САД и, како што вети, гласаше за себе. Имено, Вест на гласачкото ливче за Вајоминг, го допиша своето и името на Мишел Тидбал за потпретседател, и тоа го сподели на социјалните мрежи.

Господ е толку добар. Денес за првпат во мојот живот гласам за избор на претседател на САД, и тоа за некој кому целосно му верувам – за мене“, напиша тој во првиот пост, а во вториот нагласи
„ВЕРУВАЈТЕ ВО КАНЈЕ 2020, Ти благодарам Исус Христос“.

Вест привлече внимание минатиот месец кога кажа дека повторно ја пронашол вербата во Господ и поттикнат од тоа, на изборите ќе гласа за себеси. Потоа призна дека многу пријатели и колеги или не му верувале или го убедувале дека не треба да почнува кампања.

Вест прво ја објави идејата за кандидатура на Денот на независноста на Твитер, но бидејќи го промашил рокот за собирање поддршка од гласачите во 50 држави, не можеше да биде запишан како кандидат на ливчињата за гласање.

Некои славни лица, меѓу кои и Џенифер Анистон, жестоко реагираа со образложение дека, ако се гласа за музичар, тоа ќе биде погрешен потег.

Канје иако сфати дека нема шанси да победи, сепак си го одржа зборот и си гласаше за себе.

Неговата сопруга Ким Кардашијан и нејзините сестри Клои и Ким гласаа, но не открија за кого.

Слични објави

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.
Се вчитува....