-1.2 C
Скопје
07:00 - 11 март, 2026

Јелена Јованова – Тресеше како да нема крај и како да ќе нема утре!

Денес Хрватска беше погодена од низа земјотреси кои нанесоа големи штети во одделни градови и региони. Во најсилниот земјотрес со јачина од 6,2 степени многу луѓе го загубија својот дом, но за жал имаше и човечки жртви.

Целата стравична ситуација ја почувствува и актерката Јелена Јованова која го раскажа ова лошо искуство.

Македонската актерка Јелена Јованова со својот сопруг и син живее во Хрватска, а денес на социјалната мрежа Фејсбук го сподели страшното искуство со новиот бран на земјотреси со кои се соочи Хрватска.

„Живи и здрави сме! Психички се оштетив ми се чини за цел живот! Тресеше како да нема крај и како да ќе нема утре! Не можам на сите да пишам посебно, неизмерно благодарам за вашата грижа! Страшно и жално за оние кои останаа без своите најмили и без кров над глава! Чувајте се! Верувам ќе помине и ова и ќе биде конечно добро“, напиша таа во својот Фејсбук статус.

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....