19:38 - 25 август, 2026

Неодоливо кремасти и чоколадни – Грчките ледени коцки се празник за непцата!

Идеален десерт за сите љубители на богатиот чоколаден вкус…

Потребни состојки:

250 гр мелени интегрални бисквити
100 гр маргарин
400 гр чоколадо за готвење
200 гр неутрално крем сирење
100 гр бело или црно чоколадо за преливање
400 мл слатка павлака

Подготовка:

Во сад растопете го маргаринот, па со него прелијте ги мелените бисквити и измешајте. Смесата измесете ја со раце додека да се соедини, па распоредете ја во кружен калап обложен со пластична фолија.

Чоколадото искршете го и ставете го да се растопи. Додадете слатка павлака и мешајте. Кога ќе се растопи чоколадото тргнете го од огнот, додадете го крем сирењето и мешајте додека смесата да се соедини.

Префрлете во сад и матете со миксер додека да стане пенаста, па истурете ја смесата врз кората од бисквити и оставете да се олади и стегне.

Белото или црно чоколадо скршете го и стопете го со малку масло и прелијте го преку тортата. Вратете ги ледените коцки во фрижидер добро да се оладат. По желба украсете со малку кокос или рендано бело чоколадо.

Уживајте!

Слични објави

Легендата за „Трескавец“ – манастирот што „сам“ го избрал своето место

Т.Ц.

Авантурата на Иван и Спасе – од Радовиш со стар автомобил до луксузот во Монте Карло

Еспресо

Сите очи вперени кон Сонцето: При затемнувањето птиците престануваат да пеат, животните се однесуваат чудно

Еспресо

Лавандата лесно се одгледува, а со еден едноставен трик ќе цвета цело лето

Т.Ц.

Четири освежителни салати од краставици и мал трик што го менува вкусот

Т.Ц.

(Фото) Пет европски бисери што вреди да ги посетите пред да станат прескапи и преполни со туристи

Еспресо
Се вчитува....