18:50 - 11 мај, 2026

Истрагата против Жерар Депардје се повторува поради наводното силување на девојка скоро 50 години помлада од него

Славниот актер беше обвинет за силување во 2018 година, но немаше доволно докази против него.

Истрагата за силување против францускиот актер Жерар Депардје (71) ќе се повтори откако наводната жртва на силување поднела жалба, бидејќи претходните обвинители го отфрлија нејзиниот случај поради недостаток на докази.

Наводната жртва, актерка која има дваесетина години, рече дека славниот актер ја силувал и навредил во 2018 година во неговиот дом во Париз.

Откако го пријавиле славниот актер, кој има 71 година и негира каква било прекршочна постапка, обвинителите на југот на земјата во Прованса започнале прелиминарна истрага, која потоа им ја препратиле на своите колеги во Париз.

Тимот истражители од Париз по девет месеци работа на случајот изјавиле дека не успеале да соберат доволно докази за да покренат официјални обвиненија. Актерката подоцна ги надополни своите тврдења, па сега истражниот судија ќе го преземе целиот случај.

Изворот рече дека одлуката е формално донесена, а тоа го потврдил и извор од судството.

Адвокатот на Депардје, Ерве Темим, рече дека тој не бил информиран за повторното отворање на случајот, но рече дека не е ништо чудно, бидејќи станува збор за автоматска одлука истражниот судија да преземе сè.

Депардје е огромна ѕвезда во својата татковина, а во 2013 година се здоби со руско државјанство, како знак на протест против француската влада, која предложи дополнително зголемување на данокот за богатите.

Да потсетиме, Депардје, на 4 септември 2020 година, ја промени својата вера и како православен беше крстен во руската црква на Александар Невски во Париз.

Крштевањето се одржа во присуство на мал круг присутни, околу триесет луѓе.

Депардје еднаш рече дека се уште ја сака својата земја безусловно, но не може да негира дека „сè е лошо“ во Франција и дека луѓето таму се помалку среќни отколку во Русија. Тој исто така рече дека е подготвен да умре за Русија.

Слични објави

„Слушај ме ваму, гледај ме во очи“ – Сузана Манчиќ му одржала лекција на зетот генерал

Е.А.

Накит со потпис на Jewelry Palace SJ – уникатни дизајнерски парчиња што зборуваат без зборови

Еспресо

Љубовен хороскоп до крајот на мај: Неодолив магнетизам, сурова страст, емотивна поврзаност…

apostolova

Кејт Мидлтон во елегантно издание надополнето со бисери на принцезата Дијана и кралицата Елизабета Втора

Т.Ц.

Зорица Брунцлик по тешката битка со здравјето проговори за семејството – „Беа избезумени од страв“

Е.А.

Кремасто пилешко на тоскански начин – рецепт за брз ручек што сите ќе го обожаваат

Т.Ц.
Се вчитува....