13.8 C
Скопје
13:36 - 17 март, 2026

ИСПОВЕД НА ЌЕРКАТА НА МАДОНА: Мајка ми ме контролираше цел живот, морав да станам независна

лордес леон

Лордес Леон, ќерката на познатата пејачка Мадона, тврди дека нејзината мајка е „контрол фрик“, и дека ја контролирала „цел живот“.

„Мајка ми ме контролираше цел живот. Морав да станам целосно независна штом ќе завршам средно училиште“, откри Лордес за „INTERVIEW MAGAZINE“, додавајќи дека чувството на независност го стекнала плаќајќи за факултет и стан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LOURDESLEON (@lourdsleon)

„Имам чувство дека мајка ми ги гледала другите деца на познатите личности, па одлучила дека нејзините деца нема да бидат такви“, ја објаснува Лордес филозофијата на Мадона.

Таа посочи дека мисли дека ако родителите плаќаат за потребите на своите деца и други работи, со тоа имаат поголемо влијание врз нив. Лордес вели дека нејзината мајка ја охрабрила да „расте“ во нејзината манекенска кариера, но и воопшто.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LOURDESLEON (@lourdsleon)

„Мајка ми постојано инсистира да размислувам за она по што сакам да бидам позната и дека тоа не треба да е само мојот изглед. Не сакам луѓето да ме паметат само по тоа“, вели таа, посочувајќи дека смета дека манекенството е паметна одлука, што се однесува до финансиски аспект.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LOURDESLEON (@lourdsleon)

„Уживам во кампањите кои ги работам и во кои всушност учествувам и имам влијание, така што не сум само модел“, истакна Лордес.

Леон вели дека ја интересира и танц, мода и естетика, но вели дека не е решена за актерска кариера. Ќерката на Мадона исто така го пофали музичкиот талент на нејзината мајка, велејќи дека разбира колку е влијателна и неверојатна и дека ги охрабрува другите жени и секогаш е пред своето време.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LOURDESLEON (@lourdsleon)

„Тоа не го разбирав во целост додека не ја сфатив важноста и што значи да се биде жена. Таа е веројатно најголемиот работник што сум го видела некогаш. За жал, јас не го наследив тоа“, заклучи најстарата ќерка на Мадона.

Слични објави

Едита за односот со таткото на нејзиното дете: „И двајцата знаевме каде води нашата врска, сега внимавам двојно повеќе“

Еспресо

(Фото) Водителката Ведрана како разголен модел, изгледа многу секси

apostolova

Првата сопруга на Горан Ратковиќ Рале откри детали за неговите афери и врската со Индира Радиќ

Еспресо

Слаткар се стопи, раперот здраво живее и многу ослабе

msp-admin

(Фото) Коки Јанков како градежник: Од темели до кров

msp-admin

Тие му се единствената утеха по смртта на брат му: Дарко Лазиќ со нова емотивна објава

msp-admin
Се вчитува....