11.8 C
Скопје
16:21 - 18 ноември, 2024

Интервју со пејачот Даниел Крстески: После Балашевиќ и Коен не можам да слушам „Два Бона“ и Таско (ФОТО)

Нови имиња на македонската естрада се секогаш добродојдени. Сите сме свесни дека има недостиг од домашна квалитетна музика последниве неколку години.

За среќа постојат некои нови „деца“ што имаат желба и творат, создаваат и оставаат печат со тоа што го прават.

Еден таков пример е младиот пејач Даниел Крстески, име за кое сме убедени дека допрва ќе се слушне, бидејќи кога некој твори со толку голема љубов, публиката тоа го препознава и го наградува.

Фото: Принтскрин

Пред само неколку дена Крстески ја објави својата нова песна со наслов „Сто една“. Песна која со стилот ќе ве врати миниум петнаесетина година наназад и ќе ви ги врати сеќавањата кога се создаваше квалитетна македонска музика.

Како што кажавме, ова не е прва песна на Даниел. Тој имаше можност да соработува со едни од нашите најдобри музички соработници…

 С.П. Ако претходно си соработувал со неколку музички имиња од нашата земја, овој пат реши да земеш се во твои раце и на музиката, текстот и аранжманот да ставиш твој потпис?

– Отсекогаш сум имал желба да творам и постојано ми се мотале низ глава разни идеи за песни, па овој пат решив сам да создадам и испродуцирам. Секако морам да им се заблагодарам и на Дојчиновски и Самарџиев од кои научив доста работи во соработките со нив.

С.П. Наидуваш ли на поддршка од поискусните колеги?

– Секако, добро е што со сите со кои сум стапил во контакт се отворени за совет и секогаш може низ муабет да се добијат интересни информации и да се научат доста работи!

С.П. Не знам дали ќе се согласиш со мене, но твојата најнова песна потсетува на музиката која се правеше пред дваесетина години. Колку сметаш дека со таков стил ќе успееш да се наметнеш на македонската естрада кога знаеме дека живееме во некое време на трап-музика?

– Јас би рекол дека вечно живееме во време на турбофоклот, за жал. Трап-музиката како и предходни стилови од типот на реге-тон се секогаш добро освежување да се слушне нешто ново и поразлично, но некако брзо се појавуваат и уште побрзо си заминуваат. Според мене оној класичен поп-рок е бесмртен. Точно е дека потсетува не на пред дваесет него и повеќе години зашто и мојот стил е базиран на тие стилови. И секогаш ја црпам инспирацијата од нив. Мислам дека могу ќе се согласат со мене, тие добри стари песни имаат душа. Нема човек кој ќе остане рамнодушен и на прво слушање.

Фото: Приватна архива

С.П. Слушаш ли македонска музика, има ли некој колега на кој му се воодушевуваш?

–  Слушам секако, но морам да признаам дека во глобала заостануваме доста од она што се прави ако не подалеку, ете во соседството. Секако дечките од Next Time прават одлична работа со светски квалитет. Но како посебен би го издвоил Влатко Лозаноски, единствен после Тоше кој покажа и докажа како се прави тоа! Секоја чест и само напред!

С.П. Веројатно си слушнал за 2 Бона, Таско… Кое е твоето мислење за нив и тоа што тие го создаваат?

– Да сум слушнал за нив и сум слушнал неколку песни по клубови. Не знам колку можеме да зборуваме за музика тука, но после текстови од типот на Балашевиќ и Леонард Коен.. ова другово воопшто не ме привлекува. Сепак едноставноста на битот и текстовите ја прават лесна за слушање токму кај најбројната нивна публика, најмладите. Но текстови за блуд и насилство за мене не се во ред сепак, посебно не за таа категорија на слушатели.

Фото: Приватна архива

С.П. Зошто не те видовме на „Макфест“ оваа година?

– Работејќи на продукцијата на песната што беше нешто ново за мене некако ми го одвлече вниаманието и оваа година не ни размислував на фестивали. Но секако би ми било чест да сум дел од една таква манифестација. Па за наредна година ќе се подготвам на време!

С.П. Ти се допаѓа ли победничката песна?

– Се радувам што се врајќа маѓијата на “Макфест”. Последниве години слушаме доста квалитетни композиции и изведувачи. За Мартинијан и целиот тим едно големо браво! Сигурен сум дека песната ќе допре до поширок аудиториум и после Макфест.

С.П. Кои се твоите идни планови?

– Веќе работам на две композиции. Едната ќе биде прмовирана многу скоро. Тоа ќе биде преработка на една постара македонска песна. А, другата е повторно комплетно мое дело и ќе биде објавена негде пред Нова Година.

Слушнете ја неговата нова песна:

Слични објави

(Фото) Данијела Димитровска го покажа дечкото во полн сјај: Фудбалерот силно ја прегрнува, а таа не ја симнува насмевката од лице

Еспресо

(Фото) Северина се сликаше со раширени нозе во бекстејџот после концерт

Еспресо

Црногорска инфлуенсерка откри дека троши 20.000 евра месечно: „Ако немам 3.000 евра да платам кирија во Белград, подобро да се пукам!“

Еспресо

(Видео) Доналд Трамп спие гол? Меланија откри во емисија: Никогаш не носи пижами!

Еспресо

(Фото) Новиот пејач на „Рибља чорба“ со емотивен настап ја воодушеви белградската публиката!

Еспресо

(Видео) Хаос на концертот на Брена во Тузла: Маж од публиката се качи на бината и падна на колена, обезбедувањето веднаш реагираше

Еспресо
Се вчитува....