9.8 C
Скопје
10:10 - 19 март, 2026

Хејли и се заканува на Селена! Манекенката повторно ја обзема љубомора

Љубовната драма помеѓу познатиот пејач Џастин Бибер, неговата сопруга, Хејли Балдвин (сега Бибер) и неговата поранешна девојка, пејачката Селена Гомез, никако да престане.

Турбулентниот љубовен триаголник помеѓу ѕвездите, веќе неколку дена го тресе Холивуд.

После новата песна на Селенакоја ја посвети на својата долгогодишна љубов Џастин, неговата сегашна сопруга и упати заканувачка порака преку Инстаграм.

Хејли Балдвин, сподели песна со наслов „I’ll kill you“, односно „Ќе те убијам“, а судејќи по нејзините љубоморни коментари и испади кои ги имаше во минатото, фановите се вознемирени дека ова е директна закана кон поп-пејачката.

Селена Гомез потоа се вклучи на Инстаграм во живо и им препорача на фановите да не ја напаѓаат сопругата на Бибер и да се воздржат од негативни коментари, но и индиректно призна дека песната е за пејачот.

View this post on Instagram

Made her more of a woman.

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez) on

„Не поддржувам кога жените се напаѓаат една помеѓу друга, затоа ве молам воздржете се од негативни коментари. Поминав низ некои работи во минатото, сосем е јасно дека тие сега се пресликуваат на мојата иднина“ изјави ѕвездата.

View this post on Instagram

I love this Photo #purposetourmerch

A post shared by Selena♡ Justin (@justinbieber.selenagomez) on

Слични објави

Драма во Русија: Гога Секулиќ во паника се вратила во Србија, платила 5.000 евра за итен лет

apostolova

Го занемаруваме, а најбрзо старее: Како правилно да го негувате деколтето

Еспресо

(Фото) Сузана Гавазова ја покажа спалната соба-опуштена во пижами

Еспресо

(Видео) Цеца конечно покажа што носи во својата чанта од неколку илјадници евра! Не излегува без овие работи…

Еспресо

Бени Шаќири откри зошто е скаран со Златко Ориѓански: На лична основа е

Еспресо

Пропуштен хит: Сања Вучиќ откри дека Теа Таировиќ одбила да сними дует со неа

Еспресо
Се вчитува....