11:13 - 12 ноември, 2026

Хари: Со Меган се надевавме дека и натаму ќе можеме да и служиме на кралицата, но тоа беше невозможно

Меган и јас се упатуваме кон непознато, но навистина немавме друг избор, рече принцот Хари на првото појавување во јавноста, откако го објавија заминувањето од службените должности во британското кралско семејство.

-Сакам да појаснам дека Меган и јас не одиме никаде- рече принцот во говорот вчера вечерта во Лондон на добротворна вечера организирана од Сентебале, организација за помош на деца заболени од СИДА во Јужна Африка, чиј основач е Хари.

– Велика Британија е мојот дом и местото што го сакам и тоа нема да се промени – додаде тој.

Двојката на Твитер минатиот месец соопшти дека ќе се повлече од позицијата „високи членови на Кралското семејство“ и ќе се обидат да станат финансиски независни.

– Можам да замислам што слушавте и читавте во изминатите недели. Затоа, сакам да ја слушнете вистината од мене, колку што можам да споделам со вас – не како принц или војвода, туку како Хари – рече Хари.

Јас секогаш ќе имам најдлабока почит кон баба ми, мојот главен командант, истакна тој.

– Се надевавме дека сè уште ќе можеме да им служиме на кралицата, комонвелтот и моите воени здруженија, но без јавни пари. Тоа, за жал е невозможно. Се согласив со тоа, знаејќи дека тоа нема да влијае ниту врз мене како личност, ниту врз мојата лојалност – рече Хари.

Кога Меган и јас се венчавме, „бевме возбудени, надежни и подготвени да служиме. Затоа, јас сум многу тажен што вака заврши. Мојата одлука да се повлечеме со мојата сопруга не беше лесна“, додаде тој.

– На ова му претходеа повеќемесечни разговори и години на предизвик и знам дека не секогаш правев сè како што треба, но во овој поглед, навистина немаше друг избор – заклучи принцот.

Текстот на говорот е објавен на Твитер профилот на парот, пренесува Би-Би-Си.

Слични објави

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.
Се вчитува....