6.8 C
Скопје
05:02 - 31 март, 2026

Хари и Меган се плашат за својата безбедност

Принцот Хари и Меган живеат во страв откако се преселија во својот нов дом во Лос Анџелес. Секој нивни чекор е сниман од дронови што најверојатно се во сопственост на локалните медиуми. Со нив се прават обиди да се направат папарацо фотографии од славниот пар и од нивниот син Арчи, а според неименуван извор, Хари и Меган најмногу се плашат дека помеѓу дроновите на медиумите може да има и дронови на терористички групи, кои можат да ја загрозат нивната безбедност.

За да се заштитат од ваквата појава, Хари и Меган планираат да ангажираат дополнително обезбедување, а како знак на претпазливост неколкупати ваквите несакани случки ги пријавиле и во локалната полициска станица.

– Дроновите навистина ниско летаат, па ги вознемируваат сите тројца, а најмногу малиот Арчи. Хари и Меган не сакаат и не добиваат посебен третман од полицијата, но состојбата со постојаното снимање станува загрижувачка – коментирал пријател на славното семејство за локалните медиуми.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....