-0.2 C
Скопје
01:01 - 19 декември, 2024

ГОРДА СУМ НА МАЈКА МИ, НО НЕ САКАМ ДА БИДАМ КАКО НЕА: Анастасија Ражнатовиќ искрено за семејните односи со фолк дивата Цеца

Ќерката на фолк дивата, Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ, успешно ја гради својата музичка кариера, а сега младата пејачка открива зошто никогаш не би снимила дует со својата мајка.

ЦЕЦА РАЖНАТОВИЌ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА: За партнерот, каде за Нова Година, за загубите…

Цеца неодамна откри дека единствената пејачка која ја одбила за дует, ни помалку ни повеќе е нејзината ќерка Анастасија. Иако ја наследила склоноста на мајка си кон музиката и талентот за пеење, Анастасија не сака да го следи успехот на својата позната мајка.


„Секако дека сум горда на мајка ми, но колку и да е убаво, не е. Некои луѓе не разбираат дека не сакам да бидам таа, сакам да го изградам моето лично име и да дадам свој печат на тоа. Ова е некој жанр на музика што го сакам приватно, па тргнав по тој пат. Таа е нашата најголема ѕвезда, но не сакам да го „бркам“ нејзиниот успех. Го сакам тоа што го работам и се трудам да дадам се од себе“ – изјавила пејачката, со што се надоврзала на прашањето дали некогаш ќе сними дует со својата мајка.


„Тоа не! Не сакам да испадне дека сакам да направам нешто преку неа, иако таа ми е мајка. Никогаш не сме снимиле песна во дует, токму поради таа причина, сакав сама да се пронајдам во овој бизнис, изјавила пејачката во емисијата „Премиера – Специјален викенд“.

Анастасија е многу поврзана за мајка си, а притоа го спомена најтешкиот период од животот кога таа била во домашен притвор.


„Се сеќавам на моите училишни денови кога мајка ми беше дома со затвореничка алка. Имав 12 години и се правев дека сум целосно луда, како ништо да не се случува, а весниците брмчеа. Мајка ми беше на сите насловни страници. Пишуваше дека ќе ни ја одземат куќата, ќе и го одземат старателството. Имав среќа што на училиште немав злонамерни соученици. Всушност, имаше едно девојче“, се присети Анастасија, која … иако е мирна по природа, во таа прилика пејачката неможела да се воздржи по што ја навредила соученичката која зборувала против нејзината мајка.

„Тогаш за прв пат се скарав на училиште, затоа што едно девојче ја навреди мајка ми спомнувајќи ја затвореничката алка. Иако сум мирна и присебна, кога се работи за семејството ме преплави лутина. Како би реагирале кога некој ќе ја напрдне вашата мајка, а ти ја имаш само неа“, се присети  Анастасија во емисијата „Преживеани“, на која, како што вели, „тогаш и паднала ролетната и неможела да исконтролира лутината“. Анастасија е многу блиска со нејзиниот брат и неговата сопруга Богдана

 


„Мојот однос  со Вељко е одличен, како и секогаш. Иако е постар од мене, вистината е дека велат дека жените созреваат побрзо од мажите. Се разбира, тој сега стана доста сериозен поради семејството, но секогаш сме блиски па и така и ќе остане“, вели Ражнатовиќ, па веднаш се осврна на врската со неговата сопруга Богдана:


„Се сеќавам дека пишуваа дека јас и Богдана сме се скарале, но тоа не е вистина. Вељко го запознав со Богдана, нивната врска е навистина прекрасна, како и мојата и нејзината. Ја сакам многу, па би ставила Крај на тие гласини дека ние две  сме во напнати односи, тоа навистина не е така“, искрена е Анастасија.

Слични објави

(Фото) Вељко Ражнатовиќ објави досега невидена семејна фотографија: Синот Жељко позира со стегнати мускули

Еспресо

(Фото) Иван Јованов воодушеви со празнична фотосесија со својата ќерка Ниа

Еспресо

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

Владо Јаневски го презакажа концертот во Скопје поради здравствени причини

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо
Се вчитува....