7.8 C
Скопје
23:03 - 31 март, 2026

Го криеше неговиот идентитет скоро 8 години: Актерката од „Сексот и градот“ конечно откри кој е таткото на нејзиниот син! (ФОТО)

Синтија Никсон, која стана планетарно популарна после улогата на Миранда во серијата „Сексот и градот“, долго ја чуваше семејната тајна.

Никсон (53) наводно полни 8 години од јавноста криеше кој е таткото на нејзиниот син Макс. Пред неколку дена одлучи да го промени тоа.

Актерката на друштвената мрежа Инстаграм, сподели фотографија од својот син со маж кој му го мести костимот за Ноќта на вештерките и напиша:

„Кога татко ти е костимограф и секогаш си сакал да бидеш Пенивајз“ …

 

На фотографијата покрај малиот Макс, стои познатиот костимограф, Мајкл Граулер (50).
Колку што и е познато на јавноста, Синтија Никсон и овој уметник се познаваат веќе полна деценија. Тие прв пат соработувале на снимањето на филмот „Пат во непознато“, а Граулер бил задолжен за костимите и на снимањето на двата дела од филмот „Сексот и градот“.

Откако актерката ја објави оваа фотографија, нејзината објава на Инстаграм придонесе за бројни коментари од фановите кои беа зачудени од ова откритие, а огромен број и честитаа на Синтија за храброста отворено да ја покаже својата несекојдневна, но голема и среќна фамилија.

Мајкл Граулер е сопруг на пантомимичарот Вилијам Бауерс (60), а Синтија и него го нарекува татко на Макс! Тоа не е целото семејство на Макс, со оглед на тоа што Синтија е венчана со познатата активистка Кристина Маринони, со која врската ја започна уште во 2004 година.

Profimedia

Пред да ја запознае сегашната сопруга, Синтија 15 години беше во врска со Дени Мозес, со кого има две деца – ќерката Саманта и синот Чарлс.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....