11.8 C
Скопје
21:33 - 14 октомври, 2026

Француска приказна: Дарко Димитров има голема причина за среќа и славење

Музичкиот продуцент и композитор Дарко Димитров има голема причина за среќа и гордост која ја сподели на социјалните мрежи.

Тој забележа нов успех во својата богата кариера. Димитров, чиј музички потпис стои зад бројни хитови на домашната естрада, сподели фотографија на која позира со медал доделен од престижната француска организација САКЕМ, здружение на автори, композитори и музички издавачи.

Ова е една од најстарите и најзначајните организации за заштита на авторските права во светот со седиште во Франција. Таа е светски реномирана институција која ги застапува интересите на авторите, композиторите и издавачите на музика, а доделувањето на признание од нивна страна е сериозна потврда за квалитетот и професионалниот ангажман на еден музички уметник на глобално ниво.


Димитров, кој е долгогодишен соработник со многу наши музички ѕвезди, преку ова признание уште еднаш докажа дека неговиот професионален ангажман ги надминува границите на регионот. Иако тој не прецизираше каде точно е одржана церемонијата, објавата предизвика голем интерес кај неговите фанови и колеги, кои го поздравија овој значаен успех за македонската музичка продукција. Тој сподели слика со песната „Горда“ од Тамара Тодевска како музичка позадина, и ѝ се заблагодари на организацијата за признанието, а сподели и видео од моментот на примањето на наградата.

Димитров неодамна сподели емотивна приказна за својот татко, легендарниот музичар Славе Димитров кој го прослави својот 80-ти роденден. Овој голем животен јубилеј легендарниот музичар го одбележа во прекрасен амбиент покрај море, опкружен со најблиските.

Неговиот син Дарко, преку својот инстаграм-профил сподели емотивни моменти од семејната прослава.

На фотографиите се гледа славеничка атмосфера на отворено, каде што Славе Димитров, со препознатливата насмевка, позира пред роденденската торта. За оваа објава Дарко ја одбра безвременската песна „Каде песно моја“ од 1977 година.

Дарко Димитров упати и јавна честитка до својот татко, објавувајќи заедничка фотографија до која напиша: „Најдобриот татко, среќен роденден“.

Слични објави

Еве со што се занимаваат свекрвата и свекорот на Анастасија Ражнатовиќ: Имаат приватен бизнис во Требиње

Еспресо

(Фото) Најзгодниот турски актер драстично го промени имиџот: Ги „распамети“ обожавателките

Еспресо

(Видео) Приватно езеро и многу зеленило – Анастасија Ражнатовиќ покажа дел од новиот дом во Мадрид каде што живее со Немања и синот Илијан

Еспресо

(Видео) Емотивен момент во домот на Балашевиќ – Оливера го заспива внукот Ѓорѓе со песна што буди спомени за покојниот сопруг

Еспресо

Погребан Горан Баре, свештеникот зборувал за неговите пороци: „Тоа те туркаше во темнина“

Еспресо

Актерот Дритон Вејсели заврши во болница: Наместо во студио, на инфузија сум

Еспресо
Се вчитува....