17:11 - 23 септември, 2026

„Зад секоја успешна жена стои маж кој заедно со неа ги чува децата“: Јана Стојановска ја смени познатата фраза

Актерката Јана Стојановска прозборе за љубовта и за мајчинството, истакнувајќи дека врските бараат постојано вложување од двете страни.

„Љубовта треба да се храни со љубов. Ако не се храни љубовта со љубов, ќе умре од глад“, рече таа.

Таа се осврна и на општествените судови за односите и разделбите, нагласувајќи дека жените почесто се посочуваат како виновни.

„Никој никогаш нема да каже ‘тој тука нешто згрешил’… дали си слушнал некој некогаш да осуди маж заради пропаста на некоја врска или брак?“, рече Стојановска.

На тема родови улоги, таа истакна дека љубовта и партнерството треба да се темелат на рамноправност и заедничка грижа за семејството.

„Зад секоја успешна жена стои маж кој заедно со неа ги чува децата. Маж кој може да понуди изобилство. Изобилство од време, изобилство од материјално, изобилство од внимание, изобилство од родителство, изобилство од многу работи. Луѓето не кореспондираат веќе на тој начин, заради тоа што од жената се очекува повеќе. Тоа е како што велат, компилација на потенцијал. И така се губи љубовта, а во 70 проценти од случаите се губи заради тоа што не се чува“, рече актеркатаво поткастот на Курир.мк.

На прашањето на водителот дали е вљубена, актерката одговори:

„Вљубена сум, цело време сум вљубена. Највљубена сум во син ми. Каква љубов е тоа! Тоа е страшно, па тоа се станува од сабајле, па тоа е мама, мама, мама, мама. Па што сакаш да јадеш, па каде ќе одиме денес, што ќе правиме. Во љубов, јас сум нон-стоп“, откри актерката.

Стојановска зборуваше и за предизвиците со мајчинството, особено поради предвременото раѓање на нејзиниот син, нагласувајќи дека подолго време морала целосно да се посвети на неговото здравје.

„Предизвикот е сериозен како што е секое прво мајчинство, едно сосема ново искуство, различно од сѐ досега, комплетна лудост од замор, страв, претерана грижа и страшна љубов. Со тоа што кај мене се оддолжи шест години. Предизвиците околу неговото здравје поврзани се, пред сѐ, со неговото предвремено раѓање, ме натераа да одлучам да не работам ништо. Мислам, одлучив. Не ни можев поинаку затоа што тоа што се случуваше, бараше постојан надзор. Не можев да си дозволам четири часа проба или осум часа филмски сет без да го видам, не верував никому освен себеси и знам сигурно дека нему му требав токму јас. Интензивното мајчинство кај другите деца трае три-четири години, кај мене на некој начин сѐ уште трае“, рече Јана.

 

 

Слични објави

(Видео) Голема трансформација: Дејан Милиќевиќ ослабел 45 килограми

Еспресо

Со умот го освојуваме светот, а душата ни е назад: Марија Главчева за животот на иселениците

Еспресо

„Немаат никаков контакт“: Николина Пишек ја откри тажната вистина за врската на нејзината ќерка со дедото Миша Гроф

Еспресо

„Малку работа, малку Пуља“: Катарина Ивановска ужива во Италија со песна од Тамара Тодевска     

Еспресо

„Може да пее по дома, дует не доаѓа предвид“: Дарко Лазиќ искрено за идејата да снима дует со сопругата Катерина

Е.А.

Септемвриски попусти во Wood Room – време е за нова маса од масивно дрво

Еспресо
Се вчитува....