3.8 C
Скопје
23:56 - 12 март, 2026

(ФОТО)КОПИРАЈТЕ ГО ИЗГЛЕДОТ НА КЕЈТ МИДЛТОН: Едноставен, а толку елегантен!

Кетрин Мидлтон е посветена на подигање на свеста за важноста на менталното здравје во општеството и неговото влијание врз нормалниот развој на децата и возрасните.

Не е изненадувачки што војвотката од Кембриџ неодамна ја посети и групата „Parents and Communities Together“ (PACT) во Саутворк, Лондон, за да дознае повеќе за тоа како заедниците можат да ги поддржат родителите и нивните семејства да го подобрат менталното здравје.


Таа за оваа пригода избра многу елегантно издание, но пред се практично издание идеално за исполнување на сите секојдневни обврски.


Кетрин Мидлтон носеше добро скроена сива карирана јакна, која ја истакна нејзината женствена фигура. Станува збор за специфичен дезен кој во минатото често го носеле господата на британскиот двор, а кој го носи името на принцот од Велс.

Под сакото имаше обична маичка сместена во црните панталони на британскиот бренд LK Bennett. Заедно со ова издание таа го облече и нејзиниот омилен пар чевли – „Piper Gianvita Rossija“ црниот модел  кој се карактеризира со зашилен горен дел и блок пета од 8,5 сантиметри.

Изданието го заокружила со тенок ремен и неколку пристојни парчиња накит – бисерни обетки, синџир од брендот „Astley Clarke“ и веренички прстен украсен со син сафир, кој го наследила од принцезата Дијана.

Слични објави

Фаталната Славонка со жешките фотографии откри дека нешто се крчка

Еспресо

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо
Се вчитува....