22:54 - 10 ноември, 2026

(Фото) Ѕирнете во луксузниот дом на Сања Кужет: Ќе има и катче за новиот член на семејството

Водителката Сања Кужет со години го опремува станот во кој живее со своите најблиски, а сега се подготвува и катче за новиот член на семејството.

Водителката на „Ѕвезде Гранда“, која сега се повлече поради бременоста,  со години е во хармонична врска со Немања Живојиновиќ со кој го има синот Страхиња, а од првиот брак го има и синот Андрија. Двете деца живеат со неа, а сега го исчекуваат и третото дете за Сања.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sanja Kuzet (@sanja_kuzet)

Ова, засега, четиричлено семејство неодамна стана побогато со куче, симпатичен француски булдог.

Своето семејно гнездо го изградија во центарот на Белград, а деталите од својот дом водителката често ги споделува со своите следбеници на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sanja Kuzet (@sanja_kuzet)

Како што можете да видите на фотографиите во галеријата, домот на Сања Кужет зрачи со топлина и пријатна атмосфера, а како што изјави амата за српските медиуми, таа со години го опремувала станот и размислувала за сите детали.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sanja Kuzet (@sanja_kuzet)

Во кујната доминираат бели кујнски елементи во комбинација со мермерни плочки во кафена нијанса. Тука е и големата работна површина за подготовка на храна, за која се грижи исклучително Сања.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sanja Kuzet (@sanja_kuzet)

Белата фотелја во дневната соба која е во со согласност со целиот бел мебел е омиленото место на Сања за пиење кафе.

Веднаш до спалната соба се наоѓа катче за тренинг, каде доминира статичниот велосипед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sanja Kuzet (@sanja_kuzet)

Пространата бања е направена во беж тонови и има модерна стаклена туш-кабина.

Низ домот преовладуваат топли, земјени нијанси и модерни елементи.

 

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....