7.8 C
Скопје
02:36 - 20 април, 2024

ФОТО | Во детските соби на Лазар и Ева: Магични постелнини, неодоливи детали, многу уметност и љубов

Дали се сеќавате на вашата детска соба? Некои од нас ја делеа со своите браќа или сестри, некои имаа посебни детски соби за време на нивното растење, но едно е сигурно тоа место е најсреќното место во домот. Детските соби се како мал скриен театар, а во претставите главните актери се секогаш исти. Многу различни улоги, многу фантазија и игра.


Овојпат Лазар и Ева Трајковски ни ги отворија вратите на нивните детски соби. Се заљубивме на прв поглед. Секој детаљ во нив е вистинска уметност. Нивната мајка, Маја Кикириткова Трајковски, е наша позната модна дизајнерка, а воедно и креаторот на овие прекрасни детски соби.


Дали се сеќавате на вашата детска соба, детско катче во семејниот дом во Штип?

– Јас и брат ми имавме заедничка класична детска соба. Кревети на два спрата, биро, компјутер на бирото, неутрални тонови. Мислам дека во тоа време секоја детска соба изгледаше слично.


Детските соби на Лазар и Ева се уредувани по принципот на „Монтесори“. Зошто се одлучивте токму овој модел на ентериерно уредување биде истакнат во собите на вашите деца?

– Многу од нас ја знаат предноста на „Монтесори“ уредувањето за развојот на децата. Можеби нашите родители во тоа време не гледале така на работите, немале многу информации околу тоа уредување, но и тогашните играчки биле по Монтесори метод. Сѐ уште чуваме играчки од тоа време, па кога Лазар и Ева ќе отидат кај баба и дедо си играат со нив.

Пред Ева да добие своја соба заедно со Лазар ја делеа заедничка детска соба. Иако просторот во вашиот дом уште на почетокот дозволуваше да имаат посебни соби сепак се одлучивте да делат иста соба. Зошто се одлучивте за заедничка детска соба?

– Ева е второ дете и учи сѐ од Лазар, во сѐ го имитира. Многу беше приврзана за мене (сѐ уште е). Никако не сакаше да спие во бебешко креветче, а мене тоа ме измачуваше. Кога наполни 15 месеци, се одлучивме да ја префрлиме во собата кај бато. Таа беше возбудена дека ќе спие во иста соба со Лазар, во голем кревет. Иако креветот не е наменет за кревет на два спрата, ние долу ставивме латофлекс и душек и Ева спиеше таму 10тина месеци. Првата вечер цела ја преспа, јас не можев да верувам дека ниту еднаш не стана. Тоа беше правилна одлука, бидејќи беше одвоена од мама и тато, а сепак не беше сама во соба.


Првите моменти во заедничката детска соба. Како Лазар прифати дека ќе треба да ја дели својата соба со својата сестра?

– Возбуда и кај двајцата. Заедно легнуваа, па имаше моменти кога не сакаат да заспијат и сум ги оставила во соба легнати, а они станале и си играат. Подоцна се јави и мала љубомора, но сепак играчките и собата беа заеднички и успешно ги делеа.

Во една детска соба постелнините вообичаено се со ликовите од популарните цртани јунаци, но тоа не е случај со постелнините на Лазар и Ева. Раскажете ни малку повеќе за овој избор…

– Не се со суперхерои, но пак се детски, со буфчиња, мечиња, птици… Тоналитетот одговара во целиот концепт на собите.

Внимателно избрани бои на ѕидот, тапети, постери, украси детали… раскажете ни (поединечно) за појдовната инспирација во креирањето на собата на Лазар и собата на Ева.

– Кога ја правев собата на Лазар, не сакав да биде класична сина соба како за секое момче кое се прави. Лазар во тоа време многу сакаше ѕвезди, па тоа ми беше и појдовна точка. Едната страна од ѕидот е град во ноќно време, со згради и куќи. Сето тоа го направив да биде функционално. Жолтата зграда е магнетна табла, а црната куќа е табла за боење со креди. Така заштедив простор, функционалност и естетика. Над креветот има многу ѕвезди, а спротивниот ѕид е зид со планини. Целата соба е со сиви тонови и жолти детали. Така се добива еден неутрален изглед со топли детали.


– Собата на Ева сакав да биде во бохо – скандинавски стил. Појдовна точка ми беше дека мебелот во собата сакам да е бел во комбинација со натур ратан. Сакав едниот ѕид да има тапет, а другиот да биде боен. Некако споро одеше целата реализација, бидејќи не зависеше од мене во однос на мебелот кој се изработуваше. Од кога се офарба собата и стави тапетот, го монтираа мебелот и подоцна само ја доуредив со сите детали кои ми беа замислени.

Новитетите од Совршен пар – Елеазар дел од ентериерот и играта на вашите деца. Која беше инспирацијата и што подготвувате следно?

– Со собата на Ева се родија и нови производи од Совршен Пар. Кукли за на ѕид, балдахин, магични сетови… Сѐ ова ја надополни нејзината соба, а дел ставивме и кај Лазар. Континуитетот на правење колекции продолжува, а облеката за деца во комбинација со мека кукла облечена во иста облека е омилена кај мајките и децата.

Како Лазар го доживеа моментот дека Ева ќе има своја соба?

– Искрено со душа чекаше да се направи собата на Ева, па сега имаат две катчиња за играње. Дупли играчки не купивме, само ги поделивме во двете соби, па сега подеднакво играат и во едната и во другата соба.

Ева има магично креветче, но и нејзината кукла, а притоа делат и иста постелнина. Раскажете ни малку повеќе за оваа неодолива идеја…

– Креветчето за кукли го доби на подарок, па мама реши дека убаво ќе изгледа доколу Ева и нејзините кукли имаат иста постелнина. И се јавив на Вики од Трифантино и ја прашав дали може да ми направи иста постелнина како на Ева, само за креветче за кукли. Ми рече дека веќе тоа го правела за нејзините деца, па така креветчето доби иста постелнина како големиот кревет.


Колку време Лазар и Ева поминуваат во игра и дружење во своите соби и кои игри во моментов им се омилени?

– Периодов сме постојано надвор во двор, внатре влегуваме само за спиење, па реално многу малку време поминуваат во нивните соби. Додека времето беше за внатре, играа постојано во соба. Се договоривме дека кога ќе се направи собата на Ева, играчки во дневна нема да се носат и они тоа го почитуваат. Немаат некои омилени игри, сѐ е периодично, како и кај сите деца.

Уживајте во галеријата, а воедно и инспирајте се….

Фото: Приватна архива – Маја Кикириткова Трајковски
Фото: Приватна архива – Маја Кикириткова Трајковски
Фото: Приватна архива – Маја Кикириткова Трајковски
Фото: Приватна архива – Маја Кикириткова Трајковски
Фото: Приватна архива – Маја Кикириткова Трајковски
Фото: Приватна архива – Маја Кикириткова Трајковски
Фото: Приватна архива – Маја Кикириткова Трајковски
Фото: Приватна архива – Маја Кикириткова Трајковски
Фото: Приватна архива – Маја Кикириткова Трајковски
Фото: Приватна архива – Маја Кикириткова Трајковски
Фото: Приватна архива – Маја Кикириткова Трајковски

 

Слични објави

(Фото) Ќерката на Том Круз наполни 18 години: Од него ни трага ни глас, дури ни на роденденот на Сури

еспресо

„Ги преминува границите“: Марија Шерифовиќ проговори за грижата на својот син, а поради него имала расправија со мајка си

Еспресо

Ограбена Сандра Африка! Пејачката доживеала хорор на бензинска пумпа во Словенија

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Неда Украден: Пејачката сподели убава вест и испрати емотивни зборови до најважната личност во нејзиниот живот

Еспресо

(Фото) Мина Наумовиќ покажа колку ужива во мајчинството: Објави селфи што го одзема здивот

Еспресо

(Фото) Доживела страв и ужас: Ива Гргуриќ се огласи од Дубаи по страшните поплави

Еспресо
Се вчитува....