17:39 - 10 ноември, 2026

Необична розева светлина во Австралија: Луѓето мислеле дека се вонземјани или апокалипса, а тоа била плантажа за канабис

Кога розовиот сјај го осветлил небото над еден австралиски град, локалната жителка Тами Шумовски се запрашала дали е крај на светот.

– Бев смирена, им кажав на децата дека нема причина за грижа. Меѓутоа, во себе се праѓував, што е ова, по ѓаволите? – изјави таа за Би-Би-Си.

May be an image of twilight and sky
Facebook

Се испоставило дека е светлина која доаѓа од плантажа со канабис недалеку од градот Милдура, во северната австралиска држава Викторија.

Како и многу други локални жители, Тами не можела да претпостави дека се работи за тоа, па дури и помислила дека тоа се вонземјани.

-Разговарам со мајка ми на телефон, ја смирувам, а татко ми во позадина вели дека подобро да јадам што побрзо, бидејќи доаѓа крај на светот. После тоа, мама го праша зошто храна, ако е крај на светот – вели Тами.

Ники Шампион прво помислила дека тоа е црвена месечева светлина, пред да сфати дека светлината доаѓа од земјата.

– Низ глава ми поминуваа сите сценарија за крајот на светот – изјави таа за Би-Би-Си.

И Тами и Ники биле далеку од вистината.

Употребата на канабис во медицински цели во Австралија е легализирана во 2016 година, но рекреативната употреба е забранета.

Постојат неколку капацитети за одгледување и нивните локации се строго доверливи од безбедносни причини.

Светло црвеникави бои се користат за да и помогнат на културата да расте. Обично, ролетните на плантажата се спуштаат во самрак.

На оваа плантаѓа не работеле во средата, откри портпаролот на производителот Cann Group.

А бидејќи беше облачна ноќ, светлината создаде „зајдисонце на стероиди“ што можело да се види и до еден час оддалеченост од објектот.

– Пукнав од смеење… можеше да биде нешто многу поинтересно, а всушност беше светилка за одгледување марихуана – изјави Ники Шампион.

May be an image of sky
Facebook

 

Слични објави

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо
Се вчитува....