6.8 C
Скопје
08:51 - 1 април, 2026

(ФОТО) ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА во БОИТЕ на ВИНОЖИТОТО: Верица Пандиловска подготвена за големиот христијански празник

Славењето на големиот христијански празник Велигден е еден од најубавите периоди во годината. Традиционалното фарбање на јајцата кое започнува на Велики Четврток го обележува почетокот на празничната атмосфера во сечиј дом.


Дел од нашите познати јавни личности преку социјалните мрежи се пофалија со велигденските јајца и декорации кои ги креираа по повод големиот христијански празник.


Една нив беше и Верица Пандиловска, нашата позната пејачка која се служела со уникатна техника на бојадисување креирајќи интересни разнобојни велигденски јајца кои потсетуваат на боите на виножитото.


Верица ја испочитува трацицијата и првите велигденски јајца ги обои на Велики четврток, рано наутро. Пејачката на својот инстаграм – профил сподели фотографија на која уникатните велигденски јајца ги аранжирала во прекрасен декоративен сад исполнет со мини чоколадни јајца и прекрасни холандски лалиња.

„Од бога нека е благoсловено ова свето утро!“  – напиша Верица во описот на објавата.

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....