5.8 C
Скопје
07:07 - 1 април, 2026

(ФОТО) Тамара си стои на зборот: Го истетовира делот од химната што не го испеа!

Пејачката Тамара Тодевска (35) по нејзиното гостување во емисијата „Бекстејџ“ го исполни ветувањето. Денес на својот Инстаграм профил, Тодевска објави фотографија од нејзината нова тетоважа која вчера ја вети пред македонската јавност.

Покрај многуте теми на разговор, пејачката во вчерашното интервју прозборе и за скандалот и грешката која ја направи при нејзината изведба на македонската химна. Таа многупати претходно се извини за грешката што ја оцрни за цел живот.

„Нели се тетовираат работи кои што ти го одбележале животот или ти значат нешто или ете те потсеќаат на некои убави или неубави работи, ете јас ќе ја истетовирам химната и тоа баш онаа строфа што ја заборавив“, изјави Тамара.

„Ветено, сторено“, напиша под нејзината објава.

Таа покажа и докажа дека секогаш стои на своите зборови. Тамара навистина ги истетовира стиховите што ги заборави од химната!

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....