18:27 - 2 април, 2026

(ФОТО) СВЕТСКО, А НАШЕ: Росица Мршиќ специјален интернационален гостин на фестивал за мода

Модната дизајнерка Росица Мршиќ ја претстави својата најнова колекција „Dreamy passage” на „Festivalul de Moda” во Крајова, Романија. На 16тото издание на модниот фестивал, дизајнерската беше поканета како специјален интернационален гостин на настанот од Македонија.

ФОТО: Приватна архива

Секоја година организаторите канат по еден интернационален гостин дизајнер претставник на различна земја, а до сега на фестивалот учествувале реномирани дизајнерски имиња како: Agatha Ruiz de la Prada, Christophe Guillarme, Kim Bernardin, Ksenija Vrbanic, Rianne de Witte, Louis de Gama, Tata Christiane, Susana Bettencourt…

ФОТО: Приватна архива

Брендот Росица Мршиќ е основан во 2009 годината, и досега бил присутен на разни модни настани и во концептуални бутици локално и интернационално како: Њу Јорк, Софија, Виена, Цирих, Лозана, Минхен, Дубаи, Белград, Љубљана, како и изложен во познатата американска стоковна куќа “Macy’s” во Њу Јорк.

ФОТО: Приватна архива

Дизајнерката е наградувана со неколку модни награди до сега: ‘Wearable Art’ во модниот дизајн за модна колекција пролет/ лето 2019 на BIG SEE Festival, во Љубљана, Словенија, најдобра модна колекција во рамки на Моден Викенд Скопје 2013, и награди за најдобра колекција и ‘Dress of the 21st Century’ во Бугарија и Амстердам, Холандија.

ФОТО: Приватна архива

Слични објави

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

(Фото) Јелена Розга „не ги соблекува“ штиклите од 750 евра: Ги има во повеќе бои и редовно ги носи на настапи

Еспресо

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо
Се вчитува....