13:04 - 28 ноември, 2026

(Фото) Стефан Лазаров и Марта ги одбројуваат деновите до најубавата животна улога — вљубени и насмеани уживаат во Охрид

Македонскиот јутјубер и водител Стефан Лазаров и неговата свршеница Марта периодов престојуваат во Охрид, каде ги поминуваат летните денови додека се подготвуваат за пристигнувањето на своето прво дете.

Фото: Инстаграм/Марта Лазарова

Парот сподели фотографии од својата посета на Свети Наум, а особено внимание привлече Марта, која позираше во бел летен фустан што го истакна нејзиното трудничко стомаче. Стајлингот го надополни со впечатлив шешир украсен со школки.

Фото: Инстаграм/Марта Лазарова

На една од фотографиите, Марта направи селфи од автомобилот додека Лазаров беше зад воланот, а на нејзината рака се забележува и свршеничкиот прстен.

Фото: Инстаграм/Марта Лазарова

Двојката во моментов ги одбројува месеците до раѓањето на бебето и ужива во периодот пред да се остварат во родителската улога.

Фото: Инстаграм/Марта Лазарова

Инаку, неодамна татко стана и близок пријател и долгогодишен соработник на Лазаров, јутјуберот Мандар. Лазаров му е кум, па нивните деца ќе бидат на приближно иста возраст.

Слични објави

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.

Васил Зафирчев: Моите родители не сакаа да бидам актер

Еспресо

Таско за Панчо од ДНК: Знаеше да се бори со моите демони кога никој друг не знаеше

Еспресо

Николија Јовановиќ по концертот во „Сава центар“: „Бев во паника поради брзите пресоблекувања, а Реља ми беше најголема поддршка“

Е.А.

Дневен хороскоп за 28 ноември: Заштитете ги вашите деловни интереси и прекинете контакт со несигурна личност

apostolova
Се вчитува....