6.8 C
Скопје
03:50 - 20 април, 2024

(ФОТО) СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ЛЕОНАРДО ДИ КАПРИО: Сакале да му го променат името, има проблем со ОКН и уште неколку факти за холувудскиот шармер

Еден од најдобрите и најбараните актери на денешницата, Леонардо ди Каприо, денес полни 47 години. Оскаровецот не е препознатлив само по неговата фантастична актерска кариера, туку и по посветеноста на зачувување на животната средина и борбата против глобалното затоплување.

Името го добил по познатиот сликар, забранета е фризурата на неговиот лик Џек од Титаник, а на почетокот на запознавањето не го поднесувал Марк Волберг.

Во чест на 47-от роденден на Леонардо ди Каприо, ви откриваме 11 работи кои можеби не сте ги знаеле за него:

Првата улога

Спротивно на популарното верување, неговата прва улога беше Џош во „Critters 3“, а не Тоби Волф во „Животот на момчето“. Филмот беше премиерно прикажан во 1991 година, а заплетот ги следи вонземјаните кои доаѓаат во Лос Анџелес и јадат сè што е на повидок.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by t h r o w b a c k . (@throwbackltd)

Младиот Леонардо го привлече вниманието на јавноста со улогата во овој филм, а потоа почна да ја гради својата кариера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lee Jung Jae (@lee_jung_jae_official)

Како го добил името?

Неговата мајка Ирмелин Инденбиркен шетала низ музејот и уживала во сликите на Леонардо да Винчи, кога нероденото бебе во стомакот се помрднало. Таа тоа го сфатила како знак, а останатото е историја.

Фати ме ако можеш

Кога Лео работеше на филмот „Фати ме ако можеш“, го запозна и разговараше со вистинскиот Френк Абањил Јуниор, кого го играше во филмот. Толку добро се сложуваале што Ди Каприо го поканил и во неговиот дом.

Непријатели

Леонардо ди Каприо и Марк Волберг на почетокот воопшто не се поднесувале. Сè започнало на снимањето на филмот „Кошаркарски дневници“ од 1995 година, кога актерите работеле заедно, а нивните енергии едноставно не се поклопиле.

Меѓусебното почитување и пријателство се случило во текот на снимањето на една заедничка сцена, по што меѓусебниот однос значително се подобрил.

Има проблем со опсесивно компулсивно нарушување

Актерот отворено зборуваше за неговата борба со ОКН, што беше една од причините зошто се поврза со улогата на Хауард Хјуз, кого го играше во филмот „Авијатичарот“ од 2004 година.

Актерот во една прилика признал дека имал силна потреба неколку пати да помине низ вратата, како и да стои на дамки од гуми за џвакање. Споделувањето на овие интимни работи несомнено им помогна на многу луѓе кои се борат со ова нарушување

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Charlie (@concinnity.lissome)

Сите забави од 90-тите беа негови

Секогаш беше опкружен со машко друштво, со кое оранизираше жестоки забави во текот на 1990-тите.

Заедно со Дејвид Блејн, Тоби Мекгваер, Хармони Корин и уште неколку познати фаци се нарекуваат беа познати и како дружината „The Pu ** y Posee“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🔮✨ (@earthward09)

Неговата фризура беше забранета

По успехот на „Титаник“, секој млад човек сакаше да личи на Лео. Оваа фризура стана толку популарна во западните култури што некои земји не сакаа да се поврзуваат со неа, па ја забранија.

Еко-пријателски одморалиште

Леонардо ди Каприо купи остров на брегот на Белизе во 2004 година со големи планови за изградба на еколошко одморалиште дизајнирано да го обнови брегот со прекумерен риболов – тоа всушност ќе биде најзеленото место за одмор во светот.

Целта е да се излечат гостите и да се излечи островот, а ќе има правила кои гостите ќе треба да ги почитуваат. Една од нив е забраната за употреба на пластични шишиња.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vanity Fair (@vanityfair)

Се грижи за една девојка

Додека го снимаше филмот „Bloody Diamond“ во Јужна Африка, тој ги посети и околните сиропиталишта.

Таму, меѓу другите, запознал девојка која го освоила неговото срце. Иако не можел да ја посвои поради начинот на живот и кариерата, тој постојано и праќа се што и треба и прави се за да биде среќна и здрава.

За малку ќе го сменел името

Неговиот прв агент сакал да му го промени името на актерот во Лени Вилијамс, бидејќи мислел дека тоа ќе го направи попривлечен за филмаџиите, бидејќи било „поамериканско“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Алёна (@alenuska_v)

Оскар од 4-ти пат

Леонардо ди Каприо трипати беше номиниран за најдобар актер во главна улога: за филмовите „Авијатичар“, „Крвавиот дијамант“ и „Волкот од Волстрит“, но наградата ја освои дури во 2016 година за улогата во „The Revenant“.

 

Слични објави

(Фото) Ќерката на Том Круз наполни 18 години: Од него ни трага ни глас, дури ни на роденденот на Сури

еспресо

„Ги преминува границите“: Марија Шерифовиќ проговори за грижата на својот син, а поради него имала расправија со мајка си

Еспресо

Ограбена Сандра Африка! Пејачката доживеала хорор на бензинска пумпа во Словенија

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Неда Украден: Пејачката сподели убава вест и испрати емотивни зборови до најважната личност во нејзиниот живот

Еспресо

(Фото) Мина Наумовиќ покажа колку ужива во мајчинството: Објави селфи што го одзема здивот

Еспресо

(Фото) Доживела страв и ужас: Ива Гргуриќ се огласи од Дубаи по страшните поплави

Еспресо
Се вчитува....