6.8 C
Скопје
09:19 - 1 април, 2026

(ФОТО) СРЕЌЕН РОДЕНДЕН АТИЏЕ: Турунџиева организираше аукција по повод 58-миот роденден на протагонистката

Протагонистката од хит-документарецот „Медена земја“ наполни 58 години. Она што го прави нејзиниот роденден особено значаен е фактот што Атиџе и оваа година ќе го прослави со својата пријателка Сузана која организираше посебна аукција по тој повод.

„Вечер точно на полноќ стартуваме со роденденска хуманитарна аукција по повод 58 роденден на нашата Атиџе Муратова. Планирано е тоа да биде 24 часовно наддавање за уметничко дело – портрет на Атиџе, кој за оваа цел го изработи младиот и талентиран уметник Саше Милески во техника акрил на платно, со димензии 90х70. Оној кој ќе понуди највисока цена за портретот, ќе стане сопственик на истиот, и ќе има прилика средствата лично да и ги подари на Атиџе.

Добредојдени сте сите кои сакате да се вклучите во наддавањето кое ќе биде јавно, транспарентно, во коментари на овој пост. Почетната сума за наддавање е 10.000 денари. Наддавањето започнува точно на полноќ и трае до утре на полноќ.  Секој кој ќе си дозволи коментар или порака со било каква навредлива содржина или говор на омраза ќе биде блокиран, отстранет од листа на пријатели и пријавен кај фб администратор“  – стои во описот на објавата на Сузана на кое е прикажано и уметничкото дело.


За искреното пријателство на хероината од филмот „Медена Земја“, Атиџе Муратова и нашата позната пејачка, водителка и писателка Сузана Турунџиева пишувавме многупати.

Нивното пријателство не беше спречено ниту од пандемијата на коронавирусот. Двете дами го користеа секој момент да го поминат заедно, а секое нивно дружење да го збогатат со многу музика.

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....