13:44 - 5 декември, 2025

(ФОТО) СНЕЖЕ ВЕЛКОВ: Кажав НЕ кој сака нека честита!

Досега се изначитавме за странските ѕвезди како изгледаат прекрасно и покрај тоа што веќе се во по зрелите години, но ако размислиме подобро такви примери можеме да сретнеме и на нашата јавна сцена. Прва што ни паѓа на памет е нашата познатата водителка, а во последно време и инфлуенсерка Снеже Велков, сопруга и мајка на две деца која активно вежба, вози велосипед, а подолг период е веган и креира здрави и вкусни рецепти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Едноставно, Снеже блеска (како што е и нејзиното мото), како однадвор така и однатре, а за да е така и покрај здравиот и активен начин на живот стои една друга одлука на водителката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Кажав НЕ кој сака нека честита! Како и да ви звучеше ова погорново сепак значи дека од пред некое време научив да кажувам, цврсто, одлучно, големо, јако звучно ГЛАСНО…НЕ! А признавам до скоро не знаев. Се плашев да кажам НЕ да не случајно разочарам некого, да не ме сфатат погрешно, да не ми се налутат, да не ги изневерам, да не речат сум се вообразила или пак ако кажам НЕ да не помислат сум неспособна. И на крајот мислев дека ако кажам НЕ автоматски сум лош човек! И за тоа се си ставав на грб: Јас тоа ќе средам, а да идеме таму, а да направиш ова, а да свртиш до таму, а да прифатиш ова? А да се правиш дека се е во ред иако си повредена. Ај попушти поумна си. ДА.да.Да… Дури да трепнам се најдов во кругот на премореност, исцрпеност, незадоволство и не моќ. А најлошо беше чувството на искористеност. И одлучив да кажувам НЕ!, стои во описот на објавата на Велков.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Прво вежбав за полесни одлуки, а потоа преминав на покрупните и по пат изгубив некои луѓе.
Кој во суштина и биле тука само заради моите ДА. И фино ми е што ги нема… Некако работите ми се почисти и појасни така. И често си повторувам. Не.Не.И не. Оти ми се може. Оти ми се сака. Оти тоа НЕ ми донесе еден куп ДА за мене. Пробајте…ќе биде тешко. Дури на почетокот ќе се гризете и преиспитувате, ќе посакате да си се вратите на старо…ама издржете зошто светот во кој цврсто и одлучно кажувате не е многу поубав! НЕ – е половина здравје. БЛЕСКАЈТЕ, завршува Снеже со својата долга објава која несебично ја сподели со своите верни следбеници.

 

Слични објави

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin

(Видео) Кој е набилданиот маж од спотот на Теа Таировиќ: Со него сними жешки сцени на мотор!

Еспресо

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо
Се вчитува....