7.8 C
Скопје
11:06 - 20 февруари, 2026

(ФОТО) СЛАВНАТА ХУРЕМ ГО ПРОСЛАВИ РОДЕНДЕНОТ НА ЌЕРКАТА: И султанка може да ѝ позавиди на декорациите

Иако во текот на својата актерска кариера има толкувано многу улоги, турската актерка Мерјем Узерли публиката најмногу ја памети како Султанија Хурем во хитот „Сулејман Величествениот“. Поминаа осум години од крајот на снимањето на оваа хит серија, а исто толку поминаа и од моментот кога актерката се реализираше во улога на мајка.

Имено, нејзината прва ќеркичка Лара го прослави својот осми роденден, а гордата мајка со своите следбеници на својот Инстаграм профил сподели фотографии од среќната забава.

– Како лета времето…Среќен роденден на мојата најдрага сакана Лара…Неверојатно сум горда на тебе и те сакам повеќе од што можам тоа да го кажам…На денешен ден пред 8 години Бог ми дозволи да те родам…Благодарна сум на тоа секој ден. Среќен роденден љубов моја – напиша убавата глумица под низата фотографии, а честитки пристигнаа од сите страни.

 

 

Слични објави

(Фото) Бел гламур во Чикаго: Ива Спасовска го прослави 36. роденден како Џеки Кенеди

Еспресо

Дара Бубамара за новиот дечко: „Не го кријам затоа што е женет – помлад е од мене и згоден!“

Еспресо

(Фото) Адријан Гаџа тајно се ожени и ќе стане татко: Пејачот отвори ново поглавје далеку од очите на јавноста

Еспресо

Дневен хороскоп за 20 февруари: Избегнувајте импулсивни трошоци

apostolova

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.
Се вчитува....