03:21 - 10 ноември, 2026

ТАРАНТИНО И СОПРУГАТА ЧЕКААТ ПРИНОВА: На 58 години режисерот ќе добие второ дете

Филмскиот режисер Квентин Тарантино и неговата сопруга Даниела Пик го прошируваат своето семејство! Парот објави дека го очекуваат своето второ заедничко дете, пренесува „E!“.

Режисерот и неговата партнерка, чие бебе Лео ќе наполни две години подоцна овој месец ќе добијат принова во текот на следните месеци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)

Квентин (58) и Даниела (38) се венчаа во нивниот дом во Беверли Хилс, Калифорнија во 2018 година, иако тие живеат во Тел Авив, Израел во последните две години поради пандемијата.

Во една прилика тој откри дека Лео му помага да научи хебрејски додека двајцата седат и гледаат детска телевизија.

„Тој може да каже само еден збор, а тоа е „аба“, што е хебрејски збор за „тато“. А само третина од случаите мисли на мене. Всушност учам многу со Лео затоа што тој гледа бебешки програми и сето тоа е на хебрејски, па затоа учам со него“.

Тарантино се запозна со Даниела десет години пред да се венчаат во 2018 година, додека тој го промовираше својот филм „Inglorious Basterds“ од 2009 година во Израел.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....