10.8 C
Скопје
17:03 - 30 март, 2026

(Фото) Шакира доби подарок од Луис Хамилтон: Блуза „Версаче“ од 1.389 евра, специјалано нарачана од Донатела

Трката за ГН на Шпанија, која се одржа викендов, беше преполна со познати личности, а без сомнение една од оние кои го украдоа вниманието беше Шакира.

По речиси два месеци откако се пресели во Мајами, пејачката се врати во Барселона и беше забележана на Ф1 патеката Монмело.

Целата ситуација доаѓа во време кога се појавија гласини за наводна романса со Сер Луис Хамилтон, пилот на Формула 1.

Ова трае уште од ГП во Мајами, на кој присуствуваше и Шакира, а подоцна двајцата биле забележани во ресторан со уште некои пријатели, а веќе следниот ден заедно се прошетаа со јахта.

Во Шпанија тие исто така пеа уловени на вечера во ресторан во друштво со други познати личности, а подоцна биле видени заедно на забава во популарната дискотека Карпе Дием.

Иако досега никој официјално не се изјасни за наводната романса, дел од медиумите шпекулираат дека не може да станува збор само за „едноставно пријателство“. Во прилог на ова, оди и информацијата дека Шакира добила на подарок од Хамилтон впечатлива блуза од Версаче.

Имено, Шакира го гледаше шпанскиот ГП од тимската ложа на Мерцедес и за таа прилика облече шарена и привлечна блуза од Версаче, во комбинација со бело мини здолниште. Шпанските медиуми пренесуваат дека самата Донатела Версаче ја коментирала фотографијата што Шакира ја сподели на своите социјални мрежи.

„Изгледаш неверојатно во Версаче“, напиша Донатела Версаче.

На што Колумбијката одговори: „Ја сакам твојата нова колекција и сè што правиш!“

Шпанските медиуми пренесуваат дека блузата која чини 1.389 евра е подарок токму од Луис Хамилтон.

Возачот на Мерцедес присуствуваше на ревијата на Версаче во Кан, Франција, на самиот крај на мај каде била промовирана истата таа блуза од најновата колекција. А со оглед на тоа што Хамилтон е многу близок со Донатела Версаче – блузата била веднаш купена!

Слични објави

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin
Се вчитува....